Дојче банк во вртлог | Економија | DW | 21.09.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Дојче банк во вртлог

Без разлика колку и да се валкани, битно да се заработуваат пари. Тоа очигледно до многу скоро била девизата во Дојче банк. Обидите да се оправдаат, делуваат беспомошни, смета Хенрик Беме.

„Довербата е почетокот на сѐ." Така се рекламираше Дојче банк во 90-тите кај клиентите. Иако таквото тврдење одамна е минато, довербата на клиентите, банката во годините кои следуваа темелно ја прокоцка. Затоа што сакаше да игра во шампионската лига, се откажа од сите правила на доброто управување очигледно зашто посакуваниот успех не можело да се постигне поинаку. Профитот над сѐ, машината за пари мораше да биде подмачкувана. На банкарите секое средство им беше прифатливо. Дали манипулации на каматите, перење пари, зделки со лошо поткрепени кредити за куќи или бизнис релации со дискутабилни клиенти како осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн: Дојче банк е вмешана секаде, колку е нештото повалкано, толку подобро. И како што сега покажуваат досиејата од ФинЦЕН: кај нив Дојче банк е во „врвот” бидејќи далеку повеќе од половината на протечените извештаи за сомнителни трансакции се однесуваат на германската финансиска институција.  

Бизниси по плаќањето казна?

Во завршниот извештај на американската служба за надзор се пишува за „алчност и корупција” кога во 2015 беа откриени бизниси со перење пари на банката во Русија.  

Boehme Henrik Kommentarbild App

Хенрик Беме

Алчност и корупција биле движечка сила на системот на Дојче банк. Откако била платена казната од 600 милиони долари, банката вети големо расчистување. Во Франкфурт и фактички од тогаш биле вложени околу една милијарда долари за подобрување на контролните механизми и тој оддел зголемен за дополнителни 1500 вработени. Но, најновите откритија покажуваат дека матните московски бизниси можеби продолжиле и потоа. Во 2017 банката сеуште испраќала извештаи до американскиот орган за сомнителни трансакции во Русија. 

Повеќе:

ФинЦЕН: На трагата на валканите пари и потфрлањето на банките

Дојче банк ја завршува глобалната авантура

Бавна смрт на германските банки?

Дојче банк пред пропаст?

Банката како што беше и очекувано, ги отфрла сите обвинувања. Сите случаи содржани во протечените досиеја од ФинЦЕН банката како прво самата ги пријавила и како второ сите биле од периодот пред 2016 година. Сега банката била „друга”. 

И обвинувањата против шефот на Дојче банк, Кристијан Зевинг, биле неиздржани. Зевинг кој на функцијата е од пролетта 2018, пет години пред тоа беше шеф на интерната ревизија. Неговиот оддел ги контролирал бизнисите во Русија - и не нашол ништо.

Сега се вели дека Зевинг ниту ги видел, ниту ги потпишал резултатите од ревизијата. Блед аргумент за да се тргне денешниот прв човек на банката од нишанот.

Не, станува сѐ појасно дека од на големо најавуваната „промена на културата” во Дојче банк нема многу и дека од 88 илјади соработници не сите разбрале за што всушност станува збор.

Да, експорт нацијата Германија има потреба од банка која работи на меѓународната сцена. Но, сите ветувања дека сега сѐ ќе биде добро и дека скандалите се веќе минато, со неодамнешните откритија станаа безпредметни.

Можеби банкарите од Франкфурт сепак треба да ја извадат старата реклама од фиока. „Довербата е на почетокот од сѐ”. Тоа до денес им е проблем. ФинЦЕН досиејата за Дојче банк се рамни на „капитулација”. 

 

Реклама