Досега 4 загинати во снежниот хаос | Информации и анализи за Германија | DW | 07.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Досега 4 загинати во снежниот хаос

Обилните снежни врнежи од последните денови предизвикаа предупредувања од лавини и први смртни случаи. Сега, привремено, паѓа помалку снег, но ситуацијата во јужниот дел на Германија и во Австрија останува критична.

Зимата и натаму цврсто ги држи во костец јужните региони на Баварија и делови од Австрија. Иако интензитетот на снежните врнежи од вчерашната ноќ наваму малку се намали, сепак и натаму има застој или проблеми во патниот и во железничкиот сообраќај. Згора на тоа, некои патишта се целосно затворени поради опасност од лавина. Насекаде во германските Алпи е прогласена тревога од 4 ранг, што е вториот највисок степен на опасност од лавини. За наредните денови метеоролозите најавуваат уште снежни врнежи.

Двајца германски скијачи загинаа во Форарлберг, во австриските планини. Имено во Шопернау, 26-годишно момче од баварската област Дахау, на страна од обезбедените скијачки писти бил затрупан од лавина снег. Во втората несреќа предизвикана од лавина во областа Демулс загинал 32-годишен маж од околината на Хајлброн. Во областа Берхтесгаденер, на Тајсберг, една млада жена загина во снежните маси за време на викендот. Во Вакерсберг, во горна Баварија, 44-годишен скијачки инструктор загина откако врз него паднале гранки од дрво.

Повеќе за хаосот што го предизвика снегот во јужна Германија и во Австрија во следнава галерија:

DW.COM

Реклама