Дорис Пак се надева на скоро решение за Косово | Вести | DW | 20.11.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Дорис Пак се надева на скоро решение за Косово

*

„Сегашната ситуација на Косово е опасна и за Македонија, изјави за „Дојче Веле„ европарламентарката Дорис Пак. Нерешавањето на статусот на покраината според нејзе поттикнува некои Албанци од границата кон Косово на непромислени дејствија. Дорис Пак се надева дека посредничката Тројка ќе дојде наскоро до некакво решение кое ќе може да се спроведе во почетокот на наредната година. Според европарламентарката, скоро решение е во интерес на целиот регион, а пред се на стабилноста во Македонија.