Доналд Трамп - пироманот во Белата куќа | Свет | DW | 15.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Доналд Трамп - пироманот во Белата куќа

Американскиот претседател секојдневно се расправа со своите противници, некогаш и со удари под појасот. Притоа користи расистички и сексистички шаблонски размислувања, што е дел од неговата стратегија, смета Мартин Муно

Веќе сме навикнати на разни „испади“ на 45-от претседател на САД. Но, тоа што Доналд Трамп вчера го исчука во својот Ајфон е невообичаено дури и за политичар познат по навреди и шиканирања. Трамп побара од повеќе демократски политичарки со миграциска позадина да си се врателе во татковините. Не наведе имиња, но беше јасно на кого алудира: група млади пратенички кои моментално привлекуваат внимание во Претставничкиот дом, имено Александрија Окасио-Кортез, Ајана Присли, Рашида Тлаиб и Илхан Омар. Три од нив се родени во САД, само Омар е родена во Сомалија. Медиумскиот напад е точно пресметан, што се однесува до тајмингот и содржината. Напишан е дента за кога Трамп најави големи рации против лица без регулиран престој во САД – и само неколку дена откако мораше да се откаже од идејата на следниот попис да стави и прашање за тоа кој е, а кој не граѓанин на САД.

Расизам зачинет со сексизам

Во суштина пораката на Претседателот гласи: „Вие не сте дел од нас, Вие не му припаѓате на „народот на Соединетите Американски Држави." Или уште поедноставно: не сте белци, бришете да ве нема!

Kommentarbild Muno Martin

Мартин Муно

Трамп игра на старата добра деснопопулистичка карта „ние овде против нив таму“, при што бојата на кожата и потеклото се главен критериум. Тој оди и понатаму – Трамп ги надополнува расистичките шаблонски размислувања со сексистички. Тоа се политичарки, значи жени за кои во неговиот светоглед нема место. Од различни изјави на Трамп веќе научивме какво место треба да имаат тие. Тоа што Трамп со бурните реакции на Твитер успеа да ги придобие младите, амбициозни пратеници против големата дама на демократијата, Ненси Пелоси, покажува колку сака да прави поделби онаму каде што може. Со тоа се покажа како одличен ученик на неговиот главен менаџер во изборната кампања, Стив Бенон, човекот кој деновиве се обидува да ги обедини европските десни радикали во заедничко движење.

Содржината на неговите твитови е насочена кон постојаната база на гласачи на Трамп – стари мажи, белци. Гледаме претседател кој една и пол година пред следните претседателски избори е веќе во изборна кампања. Колку повеќе се приближува изборниот датум, толку повеќе Трамп се радикализира. Сѐ појасно се гледа дека неговиот проект „Америка повторно да се направи голема“ е заснован на исклучување – сите кои не се белци и жените треба да се вратат онаму од каде што дошле. За САД, кои интеграцијата ја издигнаа на ниво на државна филозофија, тоа е вистинска катастрофа.

DW.COM

Реклама