Доналд Трамп е здрав како дрен | Свет | DW | 17.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Доналд Трамп е здрав како дрен

Сега светот дознава детали за Доналд Трамп, кои можеби толку прецизно воопшто и не сакал да ги знае. Матичниот лекар поднесе извештај за медицинскиот преглед на неговито пациент. Резултатот гласи: сѐ најдобро.

Американскиот претседател Трамп е во добра кондиција и здравствена состојба, вели воениот лекар Рони Џексон. „Сите податоци покажуваат дека претседателот е здрав". 71-годишниот Трамп има добри шанси да остане во доволно добра здравствена состојба за остатокот од овој мандат, како и за уште четири натамошни години во случај на реизбор. Покрај тоа, „не постојат индикации дека тој има каков било когнитивен проблем", додава Џексон. Трамп има полза од фактот дека целиот свој живот не користел тутун и алкохол.

Докторот кој во петокот го прегледа претседателот Трамп во извештајот не штеди на факти и бројки: висина: 1,90 метри - тежина: 108,4 килограми - температура на телото: 36,9 Целзиусови степени - пулс при одморање: 68 - Крвен притисок: 122 со 74 - Холестерол: 223 - Шекер во крвта: 89 - Лекови: крестор (за намалување на холестеролот), аспирин (за здравјето на срцето), пропеција (против губење на косата), солантра крем (против розацеа).

„Сѐ е до гените“

На презентацијата на наодите во Белата куќа во Вашингтон, Џексон рече дека Трамп самиот побарал да ја испита неговата психичка состојба. Притоа резултатите  беа „многу добри". Сепак, Трамп мора да ослаби неколку килограми. Претседателот не спие многу „во просек четири или пет часа ". На прашањето колку часа Трамп поминува секој ден гледајќи телевизија, тој не сакаше да одговори. На прашањето зошто Трамп, и покрај неговото добро познато високо консумирање на брза храна и на кока кола, има толку добро здравје, Џексон рече: "Сѐ е до гените".

Медицинскиот преглед во петокот траел неколку часа. Џексон работи како доктор во Белата куќа од 2006 година, а тој веќе го проверуваше к здравјето на претходникот на Трамп, Барак Обама. Здравствената проверка на Трамп била на доброволна база. Во минатото, претседателите на САД самите одлучуваа кои резултати од ваквите истраги сакаа да ги објават а кои не.

Повеќе на темата:

-Трамп: Јас сум гениј, а „Оган и бес“ е здодевна и невистинита книга

-Бенон ги ублажува своите изјави, но само малку

Контроверзната книга „Оган и бес“ на новинарот Мајкл Волф неодамна предизвика дебатата околу здравјето на Трамп. Во неа Волф креира слика за ментално нестабилен, инфантилен и непредвидлив шеф на државата. Книгата содржи бројни цитати од клучните вработени во Белата куќа кои фрлаат сомнеж врз соодветноста на Трамп за претседателската функција.

DW.COM

Реклама