Доналд Трамп го условува Ким Јонг Ун | Свет | DW | 10.03.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Доналд Трамп го условува Ким Јонг Ун

Средба меѓу американскиот претседател и севернокорејскиот лидер, според Белата куќа, е можна само ако Пјонгјанг пружи докази за денуклеризација на земјата.

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да се сретне со севернокорејскиот властродржец Ким Јонг Ун сѐ додека тој не преземе „конкретни чекори и конкретни мерки“, изјави портпаролката на Трамп, Сара Сандерс во Вашингтон. Ким даде големи ветувања, во што спаѓа и денуклеризација на неговата земја, а САД очекуваат тие да бидат исполнети. 

Поканата за средба меѓу двајцата претседатели потекна од Ким Јонг Ун, а Трамп ја прифати.  Терминот и местото на состанокот уште не се утврдени. „Ќе потрае неколку недели додека да ги детализираме сите работи“, изјави американскиот министер за надворешни работи, Рекс Тилерсон при посетата на Џибути. Тој потврди дека во последно време засилено се контактирало преку новоотворени канали за комуникација. „Она што се промени на речиси драматичен начин, е ставот на Ким Јонг Ун. Да кажам сосем искрено, неговата подготвеност за надминување на спорот, презентирана во разговорите со делегацијата од Јужна Кореја, е помалку изненадувачка“, истакна Тилерсон. Од извори на јужнокорејската влада се споменува можност средбата на Трамп и Ким да се одржи до крајот на мај.

Nordkorea Kim Jong Un (picture-alliance/dpa/J.Press/M. Matsutani)

Неочекувана кооперативност на Ким Јонг Ун

Кина го поздрави напредокот во решавањето на севернокорејскиот конфликт, но САД очекуваат Пекинг да продолжи да се придржува на санкциите против Пјонгјанг, без оглед на евентуалниот самит. Кинескиот претседател Ши Џинпинг и Доналд Трамп телефонски се согласиле дека санкциите треба да бидат во сила сѐ додека Северна Кореја не преземе јасни чекори кон комплетна, проверлива и неповратна денуклеризација на Корејскиот Полуостров. Кина е најважниот партнер на Пјонгјанг, и до извесен степен учествува во санкциите против Северна Кореја. 

Повеќе на темата: 

Корејски конфликт: Разговори наместо ракети

Трамп треба да преговара со Ким

И други држави го поздравија планираниот состанок на Трамп и Ким. Додека Јужна Кореја реагираше еуфорично, нарекувајќи го „сличен на чудо“ и „историски меѓник“ за мирот на Корејскиот Полуостров, останатите беа повоздржани. Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека тоа е „искра надеж“, додека за ЕУ-претставничката за надворешна политика, Федерика Могерини, евентуалниот самит претставува позитивен развој.

Шефот на руската дипломатија, Сергек Лавров истакна дека станува збор за чекор во вистински правец.  

 

DW.COM

Реклама