Доналд Трамп бара помош од Дојче банк | Економија | DW | 03.04.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Доналд Трамп бара помош од Дојче банк

Семејниот концерн на американскиот претседател Доналд Трамп од германската банка бара одлагање на кредитните рати поради кризата со коронавирусот.

Корона-кризата ја турка економијата на САД во рецесија. Колатералната штета од кризата на векот ја чувствува по својот џеб и поранешниот градежен претприемач, Доналд Трамп. Концернот на Трамп неделно бележи загуби од 680.000 долари, според „Њујорк тајмс".  Од тие причини, холдингот Трамп, кој ја опфаќа деловната империја на семејството Трамп, на крајот на март остварил контакт со Дојче банк за да преговара околу одлагање на роковите за достасаните отплати, пишува „Њујорк тајмс" во вчерашното издание.

„Во овие денови сите работиме заедно. Станарите со станодавачите, станодавачите со банките", изјавил синот на Трамп, Ерик, на прашање на новинската агнеција АФП. „Целиот свет денес соработува заеднички во борбата против пандемијата."

Повеќе:

Прогнози за 240.000 жртви во САД - Трамп: „Не‘ чекаат најтешките денови“Доналд Трамп потфрли во справувањето со корона-кризата

Пропагандна војна помеѓу Кина и САД: Чиј е коронавирусот?

Трамп нудел 1 милијарда долари за вакцина за коронавирусот

Холдингот Трамп, кој од изборот на Доналд Трамп за американски претседател го водат неговите синови Ерик и Доналд јуниор, според „Њујорк тајмс" на Дојче банк ѝ должи уште стотици милиони долари. Кризата со коронавирусот на хотелската империја на семејството Трамп му донесе драстични загуби. Поради пандемијата е запрена или целосно ограничена работата во цела редица на објектите на Трамп. Организацијата Трамп според „Њујорк тајмс" упатила молба и до властите во Палм Бич во сојузната држава Флорида за одлагање на ратите за изнајмување на терените на Интернационалниот голф клуб на Трамп. Но, досега концернот на Трамп не добил никакви ветувања.

Реклама