Долна Саксонија: СПД триумфира пред партијата на Меркел | Свет | DW | 15.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Долна Саксонија: СПД триумфира пред партијата на Меркел

Според првичните неофицијални резултати, во германската покраина победија социјалдемократите со 37,2 % пред ЦДУ со 34,9 %.

Социјалдемократите во германската покраина Долна Саксонија се јасни победници на парламентарните покраински избори. Според првичните неофицијални резултати, СПД предводена од покраинскит премиер Штефан Вајл (на насловната фотографија) освоила 36,9 проценти гласови, што е ззголемување за 4,8 насто. Но бидејќи покраинскиот коалиционен владин партнер, Зелените, забележаа осетна загуба на гласови, освојувајќи 8,6 проценти, нејасно е како ќе изгледа идната влада. ЦДУ освои 33,6 насто гласови. Либералите исто така имаат намален резултат - 7,5 проценти, а десничарската АфД успеа да обезбеди влез во покраинскиот парламент, но со резултат близу до цензусот - 6,2 насто. Левицата, исто како и на претхидните избори, не успеа да го премине прагот од пет проценти.

 

Реклама