Долгите прсти на теророт на Исламска држава | Свет | DW | 24.03.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Долгите прсти на теророт на Исламска држава

Серијата смртоносни атентати во Брисел беше последен во редот напади во оваа 2016 година за кои терористичката организација Исламска држава ја презеде одговорноста.

Терористичките атентати на 22. март во Брисел беа најсмртоносни напади во Европа по теророт во Париз на 13, ноември минатата година во кој загинаа 130 луѓе. Исто како и во Париз и во овој случај одговорноста за нападите ја презеде Исламска држава. Покрај за серијата атентати во Брисел, најмоќната терористичка организација во светов во моментов само во оваа 2016 година се смета за одговорна за најмалку половина од најголемите терористички напади изршени ширум светот- како на пример на двата бомбашки атентати во Истанбул во јануари и во март или во Џакарта во јануари.

Но покрај ИД, во звојата терористичка активност не заостануваат и други организации, како на пример некогаш најозлогласената мрежа Ал Каеда.

Во продолжение низ фотогалеријата „Брисел, Истанбул, Џакарта: глобалниот терор во 2016“ нудиме преглед на најсмртоносните терористички напади во светот досега во 2016 година. Следете го долниот линк:

DW.COM

Реклама