Долгиот пат до Берлин на Германската разузнавачка служба | Свет | DW | 08.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Долгиот пат до Берлин на Германската разузнавачка служба

Со децении германската разузнавачка служба се криеше во провинција. Сега конечно се пресели во владиниот кварт во Берлин. Идејата ја даде поранешен шеф на службата. Денеска Меркел им е во посета.

Berlin Neubau Bundesnachrichtendienste Berlin (picture-alliance/dpa/P. Zinken)

Новиот објект на БНД во Берлин

Хансјерг Гајгер во 1996-та е многу чекори пред своето време. Студената војна помеѓу Западот и Истокот е завршена, но во централата на Германската разузнавачка служба таа и натаму се чувствува. „Сместувалиште за службеници“ пишува на табла пред старата нацистичка населба во Пулах, јужно од Минхен. Тука значи е бканцеларијата на новиот директор на службата. Тоа му изгледа гротескно. Веќе 40 години, колку што во тој момент постои службата, таа се крие зад тоа име.

За Гајгер таквата камуфлажа колку и да е потребна, сепак ги надминува сите граници. Тој наредува да се отстрани таблата. Од тој момент на секој кој се приближува до огромното здание му е јасно која служба навистина е сместена таму: разузнавачката. Наеднаш има дури и по некоја саксија со цвеќе, бидејќи малку боја добро му доаѓа на опкружувањето. Со брзина на светлината новиот шеф на службата ужива одличен имиџ. Традиционално критичен спрема службите, дури и од весникот „Зиддојче цајтунг“ го фалат Гајгер како „компетентен, модерен и освежувачки отворен во пристапот“.

Повеќе: 60 години блесоци и скандали на германската разузнавачка служба

Голема служба која е активна во Германија

На дипломираниот правник најмалку важен му е сопствениот имиџ. Тој сака да го промени имиџот на службата. Неговата порака за повеќе од шесте илјади вработени е дека „не мора да ја криете вашата работа“. Службата под контрола на канцеларот требало да биде перцепирана како тоа што де факто и е: „Голема служба која функционира во Германија за правната држава“.

Eingang der Zentrale des BND (picture-alliance/AP Photo/D. Endlicher)

Влезот во објектот на БНД во Пулах

Новиот шеф во Пулах во вистинска смисла на зборот ги отвора портите и дозволува посети на новинари за време на работен состанок на службата. Толку транспарентност Германија никогаш немала во односот спрема своите служби. Отворањето на досиејата од Штази по падот на Берлинскиот ѕид е и останува исклучок, поради тоа што се работеше на расчистување со минатото на диктатурата во Источна Германија и нејзината тајна полиција. Но, и во тој дел Гајгер на почетокот на 1990-те има свој придонес како прв директор на службата за документацијата на Штази, која во тоа време е под водство на подоцнежниот претседател на Германија, Јоахим Гаук.

„Да не се крчкаш во сопствената манџа“

Како шеф на разузнавачката служба Гајгер крши уште едно табу и уште на почетокот на својот мандат се залага јавно за тоа „разузнавачката служба да мора да биде до седиштето на владата". Во 1996 година тоа теоретски уште ќе беше во Бон, но тој секако мисли на Берлин. Одлуката за селење е донесена уште во 1991 година. Од просторната близина до политички одговорните лица Гајгер очекува подобра соработка меѓу разузнавачката служба и политиката. „Кои потреби ги имаме? Што ѝ е потребно на владата?" Неговата служба, вели тој уште во тоа време, „не треба да се крчка во сопствената манџа".

Hansjörg Geiger Ex-BND-Präsident (picture-alliance/U. Baumgarten)

Човекот што на БНД ѝ даде нов имиџ: Хансјерг Гајгер (архивска фотографија)

Од првата помисла до конкретните планови за преселба поминуваат уште седум години. Гајгер во 2003 е веќе државен секретар во Министерството за правда. По исламистичките терористички напади во септември 2001 година во САД и последните скептици се убедени дека централата мора да се сели во Берлин. Но, преселбата од Пулах во главниот град на Германија трае цела вечност. Постојано доаѓа до одложувања, заради безбедносни причини и проблеми во процесот на изградба.

Повеќе: Како тајната служба регрутира млади хакери?

Пренос во живо од отворањето на новата централа на службата

Многу нешта потсетуваат на новиот аеродром во Берлин кој и натаму не е отворен, како и на хамбуршката филхармонија. И кај овие престижни проекти, планот за време и трошоци излезе од контрола. Конечно сѐ е готово и новата централа денеска е отворена. Свечен говорник беше канцеларката Ангела Меркел. Во духот на својот поранешен шеф, службата ги отвори портите за јавноста, барем на виртуелен начин. Кој сака, можеше да ја гледа Меркел во живо.

Со нејзиното префрлање во Берлин, разузнавачката служба ќе биде перцепирана „посериозно", уверен е Гајгер. Во главниот град службата ќе може за актуелни прашања да дава „непосреден и брз одговор". Гајгер зборува за „давател на услуги", кој директно е инволвиран во одлуките на владата. Реторика која му се допаѓа и на актуелниот шеф на службата, Бруно Кал. Има уште еден кој смета дека метафората одговара на работата на службата, а тоа е претседателот на Парламентарното тело за контрола на тајните служби, Армин Шустер.

Deutschland Eröffnung neue BND-Zentrale (picture-alliance/dpa/M. Sohn)

Канцеларката Ангела Меркел на отворањето на новата БНД-централа во Берлин добива пдоарок од престедателот на БНД, Бруно Кал (десно)

Споредните објекти на Сојузната криминалистичка служба и Службата за заштита на уставниот поредок се во Берлин

Претставникот на христијанските демократи ги појаснува за ДВ поимите „клиент“ и „срцева комора". Со нив се означуваат сојузната влада и седиштето на БНД во владиниот кварт. Блискоста за двете страни ќе биде „многу плодна". Шустер исто така се надева дека ова ќе придонесе и кон подобар квалитет и во заемната соработка со парламентот. Овој контролор на службата многу добро знае дека, меѓу другото, и заради ова тоа не функционирало добро. Шустер би сакал и останатите централни безбедносни служби на БНД да се преселат во Берлин. Но, таквите размислувања се во основа политички и засега немаат мнозинска поддршка. Така, засега остануваат само депандансите на Сојузната криминалистичка служба (БКА) и Службата за заштина на уставниот поредок (БфВ). Сепак Шустер, кој е искусен политичар и школуван полицаец, може да живее со ова. Ако не е централата барем „една силна рака" да биде во седиштето на владата.

Пулах замина во историјата

Главните седишта и натаму се наоѓа на околу 600 километри оддалечените Визбаден во покраината Хесен и Келн во Северна Рајна Вестфалија. И покрај оваа оддалеченост, Шустер, како што вели, не чувствува недостатоци. Берлинскиот воздух сепак позитивно влијае врз БНД. „Преселбата во центарот на овој град ќе биде и ментална промена". Времињата во кои зборно место за разузнавачките служби официјално беше во Пулах кај Минхен, конечно заврши.

DW.COM

Реклама