Долгата рака на Москва во Македонија | Северна Македонија | DW | 09.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Долгата рака на Москва во Македонија

Австрискиот весник Куриер пишува дека Русија преку користење на „мека моќ“ се обидува да го торпедира договорот меѓу Македонија и Грција. Во тоа им помага „жешката линија“ со опозицијата и поддршката за навивачките групи

„Зад размената на дипломатски удари меѓу Грција и Русија се крие обидот на Кремљ да го торпедира решавањето на спорот за името. Историскиот компромис меѓу Македонија и Грција му го отвора патот на Скопје за интеграција во западните структури. За Кремљ, за кој реставрацијата на дел од влијанието на Балканот е апсолутен приоритет, ова е втор тежок удар во само една година. Во јули 2017 година Црна Гора стана членка на НАТО. Оттогаш Јадранското Море е под контрола на Алијансата, а на руските надежи дека ќе успее да добие приморска база во европскиот дел на Јадранското Море им дојде крајот. Во Македонија, која Русија ја смета за клучна транзитна земја за дистрибуција на гас кон Европа, сепак не е се уште сѐ загубено за Москва“, наведува австриски Куриер.

„Како во Грција, така и во Република Северна Македонија- како што во иднина треба да се нарекува балканската земја- договорот за името мора да биде ратификуван во парламентите. Во Македонија, дополнително граѓаните треба да одлучуваат за договорот на референдум на 30 септември.

Тоа може да биде критично: национал-конзервативците кои ја загубија власта во 2016 година го критикуваат компромисот за името како „распродавање на националните интереси“ и повикуваат на бојкот на гласањето. Нивното раководство сѐуште одржува „жешка линија“ со Москва. Токму кон нив и кон навивачите на фудбалските клубови кои се блиски до опозицијата биле насочени парите со кои Москва ги алиментирала протестите против промена на името во јуни годинава. И во Грција е пронајдена слична трага на руските пари. И таму во најголем дел парите биле насочени кон опозициски пратеници, невладини организации кои не му се наклонети на премиерот Алексис Ципрас, како и кон Православната црква.

Москва, велат познавачите на состојбите, ја научила својата лекција од катастрофата во Црна Гора. Таму, руски и српски емисари се обидоа со оружје да го сменат прозападниот курс на земјата за време на парламентарните избори во октомври 2016 година.
„Торпедото“ за договорот за името сега доаѓа во вид на „мека моќ“: преку етнички и верски сличности. Словените се мнозинство на Балканот. Тие, но и Грците и Романците, дополнително се православни христијани“, пишува Куриер.

 

 

DW.COM

Реклама