Долгата потрага на бегалците по најмилите | Свет | DW | 30.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Долгата потрага на бегалците по најмилите

Во време на масовно глобално движење на бегалците, Меѓународниот ден на исчезнати лица (30.8.) поприма нови димензии. Во време на интернетот потрагата по најблиските е олеснета, но многу случаи остануваат нерешени.

Случајот на Фархад С. се вбројува во оние приказни со среќен крај. 26-годишниот Авганистанец полни 5 години немал контакт со мајка му и браќата. За време на преминувањето од Турција во Грција се наоѓале во различни бродови, по пристигнувањето на копно патиштата им се раздвоиле. Фархад некако стигнал до Германија. „Три години се обидував преку Фејсбук и Твитер да пронајдам некоја трага која би водела до моето семејство, но залудно“, раскажува Фархад. На крајот стигнал до службата за пронаоѓање на Германскиот Црвен крст (ДРК). „Поставија моја фотографија на интернет со напомена дека го барам моето семејство. И кусо потоа се јавија“, вели тој. Неговото семејство во меѓувреме се вратило во Авганистан. „Имавме многу работи да си раскажеме“, го прокоментира кусо Фархад својот прв контакт.

Бројот на барања расте

Сѐ повеќе бегалци како Фархад, и покрај модерните патишта на комуникација, бараат помош од службата за пронаоѓање на ДРК. „Во првата половина на 2016. година добивме 1.400 нови барања, а до крајот на годината очекуваме околу 3.000“, вели претседателот на ДРК, Рудолф Зајтерс за ДВ. Тој објаснува дека бегалците ги бараат исчезнатите или загубени членови на семејствата дури откако ќе ја регулираат состојбата во земјата во која пристигнале. На листата на нации кои ја користат службата за пронаоѓање на прво место се наоѓаат Авганистанците зад кои следат Сиријците, Еритрејците, Сомалијците и Ирачаните. Околу една половина од барателите на крајот ги пронаоѓаат своите семејства или пријатели.

Заштита на личните податоци

Големи надежи ДРК полагаа во новиот портал TraceTheFace.org, кој и на Фархад му помогна да го пронајде своето семејство. „На оваа страница многу внимание се посветува на заштитата на податоците. Се гледаат фотографии и опис на семејните врски со лицето кое се бара. Сѐ останато е недостапно“, вели раководителот на службата за пронаоѓање на ДРК, Роналд Рајман.

За малолетни лица без присуство на возрасни е поставена специјална страница во која увид имаат само вработените во Црвен крст во светот. Со тоа сакаат да избегнат злоупотреба. Досега преку новите страници со фотографии се решени 20 случаи од кои веќе се откажале. Барањето преку фотографии, наместо досегашната пракса за пронаоѓање исклучиво по пат на запишани податоци има голема предност поради недвомисленоста на информациите. Често не се знаат точните податоци за бараното лице, како на пример местото на раѓање.

И имињата, често во краевите на светот како на Среден исток, со висок степен на лингвистички и културни различности, се проблем при барањето. „Постојат 70 различни начини како да се напише многу распространетото име Мухамед“, вели Рајман. Вработените во меѓународните хуманитарни организации не се потпираат само на интернет, туку посегнуваат и по класичните медиуми. Во Сомалија вработените носат книга со фотографии од исчезнатите и баратаелите од куќа до куќа.

Датотека на починати

Но, иако службата за пронаоѓање досега често кумуваше на среќен крај за многу семејни приказни, во многу случаи се принудени на семејствата да им ја пренесат и најтажната вест. „Да се потстетиме само на илјадниците коги го загубија животот во Средоземјето“, вели претседателот на ДРК, Зајтерс. Поради тоа, тој бара и отворање на датотека со податоци за неидентификуваните жртви. Потребата за ваков проект е поголема од кога било порано, но досега од неа се откажуваа во рамките на ЕУ - поради финансиски причини.

DW.COM

Реклама