Доктори се жалат дека Германците стануваат агресивни во потрага по вакцина | Информации и анализи за Германија | DW | 12.05.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Доктори се жалат дека Германците стануваат агресивни во потрага по вакцина

Германците очајни да се вакцинираат против коронавирусот стануваат се поагресивни, велат доктори во земјата. Фрустрацијата меѓу граѓаните расте по шестмесечен локдаун, иако стапката на инфекции почна да паѓа.

„Притисокот врз вакциналните центри и лекарските ординации расте. Граѓаните кои инсистираат да се вакцинираат стануваат се поагресивни“, вели Анке Рихтер- Шер, заменик-претседател на Германската асоцијација на семејни лекари.
Иако во Германија се прошируваат приоритетите за вакцинирање на повеќе групи, на многу луѓе не им е јасно зошто тие треба да чекаат зад некои други, вели Рихтер-Шер.
Граѓаните влегуваат во лекарски ординации и се обидуваат да добијат вакцина иако не се на ред, а однесувањето станува повеќе агресивно. Други пак бараат побрзо да ја добијат втората доза на вакцината за да можат да одат на одмор или на шопинг без да прават Ковид тест. Постари пациенти за кои е предвидена вакцина на АстраЗенека, пак, бараат друга вакцина.
По бавниот почеток, Германија ја забрза вакциналната кампања: досега прва доза примиле една третина од населението, додека околу 10% се целосно вакцинирани.

 

DW.COM