Дозирана ескалација во Персискиот Залив | Свет | DW | 12.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Дозирана ескалација во Персискиот Залив

Иако веројатно ирански бродови на поморската стража го притесниле британскиот танкер, Техеран не сака да предизвика војна, смета Рајнер Херман од Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Конфликтот околу Иран ескалира, Атомскиот договор со Техеран во пресрет на четвртата годишнина од потпишувањето е позагрозен од било кога. САД еднострано се повлекоа од договорот и воведоа санкции против Иран.  Иран пак, ги прекршува одредбите од договорот  и неодамна во четвртокот се обиде како одмазда за запленувањето на ирански танкер во близина на Гибралтар, да стави под своја контрола британски танкер во морзеусот Хормус.

Да не се драматизира

Тоа не се добри вести, ама не треба ни да се драматизираат бидејќи учесниците сеуште ги почитуваат правилата на рационално менаџирање на конфликти. Иран навистина ги прекршува условите од Атомскиот договор потпишан на 15 јули 2015, но не во таков обем што би го направил договорот веднаш неважечки.

Kommentarbild PROVISORISCH | Rainer Hermann, FAZ & Klett-Cotta (Helmut Fricke)

Рајнер Херман


Иран прекршоците ги прави постепено и во димензии кои дозволуват брзо враќање на правилата. Да беше Техеран заинтересиран за брза ескалација и војна, би го раскинал договорот, би ги прекинал инспекциите од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија во нивните атомски централи и би ја форсирал повторно својата атомска програма. Но,  Иран не го прави тоа.  Збогатувањето на ураниум од дозволените 3,67 проценти го зголеми на пет, а не на пример на провокативни 20 проценти. Освен тоа Иран во конфликтот околу британскиот танкер реагира реципроцитетно на запленувањето на ирански танкер една недела пред тоа.
Иран очигледно испраќа сигнали дека сака дијалог. Претседателите Хасан Рохани и Емануел Макрон телефонираа на темата на 6 јули. Иран сака со таквата стратегија да направи раздор меѓу САД, кои се закануваат со уште посилни санкции и Европа, која се надева на нова дипломатска иницијатива, за да се пресече еланот на Вашингтон за нови санкции.

Северна Кореја како модел

На краток рок стратегијата на Техеран е да постигне постепена и пресметана ескалација без да ја повлече земјата во војна во којашто не може да победи. Долгорочно, раководството во Техеран сѐ повеќе се ориентира кон моделот на Северна Кореја. Иранските медиуми сѐ почесто пишуваат дека севернокорејските ракети со долг дострел може да погодат било која точка во САД и дека Иран со полна пареа работи на развој на својата ракетна програма. Ова укажува на тоа дека  претседателот Трамп ќе продолжи да ја заострува реториката кон Ирак.  Многу работи зависат и од Европејците и дали ним ќе им успее да постигнат минимален правен договор со Иран. Ако не успеат во тоа, Атомскиот договор целосно ќе пропадне. Потоа Иран се заканува дека ќе продолжи со развој на својата атомска програма, а конфликтот најдоцна во тој момент може опасно да ескалира.

 

DW.COM

Реклама