Доделена и Нобеловата награда за хемија | Панорама | DW | 03.10.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Доделена и Нобеловата награда за хемија

Годинешната Нобелова награда за хемија ја добија Франсис Арнолд и Џорџ Смит од САД, и сер Грегори Винтер од Велика Британија, соопшти денеска Шведската академија на науки.

Тројцата научници се наградени за нивните откритија во областа на ензимите и белковините и методите кои придонесуваат за промоција на зелената хемиска индустрија, нови материјали и одржливи био-горива.

Оваа година Нобеловите лауреати од областа на хемија беа инспирирани од силата на еволуцијата и користеа исти принципи- генетски промени и селекција за да развијат протеини кои ги решаваат хемиските проблеми на човештвото, се наведува во образложението на Кралската академија.

На Френсис Арнолд ќе му припадне половина од наградата, која изнесува 9 милиони шведски круни, а другата половина ќе ја поделат Смит и Винтер. Наградата за хемија е трета по ред Нобелова награда доделена годинава. Претходно беа доделени награди за медицина и за физика.

DW.COM

Реклама