Договорот во Македонија не гарантира и спроведување на реформите | Свет | DW | 02.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Договорот во Македонија не гарантира и спроведување на реформите

Агенцијата ДПА во анализата за состојбата во Македонија пишува дека не постојат никакви гаранции дека ќе бидат спроведени договорените реформи. Доколку тоа се случи - би било добар пример и за останатите балкански земји

„Македонија ја емитува истата слика како и сите останати балкански држави од нејзината независност пред 25 години: владата ја обезбедува својата моќ преку контрола на полицијата, судството и медиумите. Корупцијата и малверзациите притоа беа константни придружници. Притоа, владејачките партии се одржуваат на власт затоа што вработените во државните служби и пренатрупаната администрација сакаа да си ги задржат своите работни места и го поддржуваа статус-квото“, пишува ДПА во анализата.

„По една и пол година тешка внатрешно политичка криза структурата на моќта сега полека се разградува. Тоа е резултат на повеќемесечните преговори под покровителство на САД и ЕУ, за кои во средата се усогласија најголемите партии во средата. Во исто време, со нивниот потпис го потврдија 11 декември како датум за предвремените парламентарни избори. Денеска треба да биде избрана преодна влада во која ќе учествуваат најголемите партии“.

Според агенцијата ДПА, најважните реформи кои се договорени се следниве:

„Бришење на десетици илјади фантомски гласачи од избирачкиот список со чија помош во минатото владата манипулираше со изборите.
На владата и се одзема контролата врз медиумите преку рекламите, судството и даночната управа, а начинот на известување ќе го контролира експертски совет составен од членови предложени од сите партии. Државната телевизија ќе биде раководен од независниот професионалец Санта Аргирова.
МВР ќе биде раководено од опозицијата со цел тоа да не се злоупотребува од долгогодишниот премиер Никола Груевски кој поднесе оставка на почетокот на годинава. Сепак, новиот министер ќе може да врши само ограничена замена на раководните позиции.

Специјалното јавно обвинителство ќе треба да ја истражува наводната корумпираност на владата исто како и на опозицијата.

Но овој договор меѓу националконзервативецот Груевски и лидерот на опозицијата, социјалдемократот Зоран Заев во никој случај не гарантира дека вистински реформски пробив ќе се случи. Затоа што никој не знае дали овие договори ќе бидат спроведени. Дури потоа од тој договор би можел да се изроди модел и за останатите балкански држави.

Уште едно прашање остана отворено: за кого ќе гласа протестното движење „Шарена Револуција“ кое преку повеќемесечните демонстрации се заложи за темелна промена на политичкиот пејзаж? Овие луѓе немаат доверба во обете големи партии, затоа што и социјалдемократите зад себе носат тешки корупциски афери. За суштинската опозиција засега, за наредните закажани избори, се уште нема вистинска алтернатива покрај етаблираните партии“, пишува дописникот на ДПА, Томас Брај.

DW.COM

Реклама