Договорено фомирање нова влада на Данска | Свет | DW | 26.06.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Договорено фомирање нова влада на Данска

Социјалдемократката Мете Фредериксен ќе биде нов премиер на Данска. По тринеделни преговори, постигнат е договор за формирање влада со поддршка од други партии од левиот спектар.

„Сега сме на целта“, изјави претседателката на Социјалдемократската партија Мете Фредериксен ноќеска, појавувајќи се заедно со лидерите на партиите со кои е постигнат договор. Нејзината партија ќе формира чисто социјалдемократска малцинска влада, поддржана од други партии на т.н. црвен блок. 41-годишната Фредериксен ќе биде најмладата премиерка во историјата на земјата.

На парламентраните избори на 5. јуни Социјалдемократите станаа најсилна партија со освоени 25,9 проценти гласови. Левиот табор, т.н. црвен блок, во парламентот ќе има тесно апсолутно мнозинство со 91 од вкупно 179 мандати. Посебен пораст на добиени гласови забележа Социјалистичката народна партија, со изборот на еколошки теми, 7,7 проценти наспроти 4,2 проценти на претходните избори во 2015 година.

Победничките Социјалдемократи преговараа за заедничка соработка со Социјалистичката народна парија,  со Единствената листа и социјално-либералните радикали Венстре. Фредериксен уште во текот на изборната кампања најави можност за формирање малцинска влада која би соработувала со црвениот блок со кој имаат најбројни заеднички теми. Кај темата миграција таа пак ќе се потпира врз ривалскиот конзервативно-либерален табор.

Повеќе: 
Данска: Победа на социјалдемократите, голем пораз на десните популисти

Данска: Многу контроверзи по забраната на бурката

Досегашниот премиер Ларс Локе Расмусен уште по парламентарните избори поднесе оставка. Либералите на Расмусен освоија 23,4 проценти гласови и стнаа втора по сила партија. Тие во изминатите 18 години инаку на власт беа цели 14 години. Овојпат десниот табор освои вкупно 75 седишта во парламентот, што се должи најмногу на загубата на гласови на деснопопулистичката данска Народна партија која собра само 8,7 проценти гласови, додека во 2015. година имаше поддршка кај 21,1 процент од граѓаните и беше втора по сила партија во земјата, поддржувајќи ја десноориенираната владина коалиција на Расмусен.

Народната партиија од 2001. година играше клучна улога во данската политика со темите како непријателство кон странците. Во меѓувреме тврдиот курс кон доселеничката политика го презедоа практично сите партии, дури и Социјалдемократската. Фредериксен во изборната кампања поентираше првенствено со теми како климатската политика и социјалата. Таа најави повлекување на буџетските кратења за здравството и образованието.

DW.COM

Реклама