Добивката на Самсунг и покрај катастрофата со батериите - експлодира | Економија | DW | 24.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Добивката на Самсунг и покрај катастрофата со батериите - експлодира

Катастрофата со Галакси Ноут 7 очигледно ништо не му може на Самсунг: електронскиот џин од Јужна Кореја во изминатиот квартал забележал двојно поголема добивка.

Од октомври до декември 2016 година Самсунг остварил добивка од 5,7 милијарди евра. Тоа е највисока добивка во последните три години, а придонес за тоа дале сите важни делови од електронскиот концерн. Самсунг е светски лидер во делот на мобилна телефонија, мемориски чипови и телевизори со рамни екрани.

Дебаклот по излегувањето на пазарот на мобилниот телефон Галакси Ноут 7 има мало влијание врз добивката на Самсунг. Во делот на мобилната телефонија добивката изнесува 12 проценти. Моделот Галакси С помогна во анулирање на загубите од Галакси Ноут 7, кој мораше да биде повлечен од пазарот откако повеќе примероци се запалија поради проблеми со батериите. Покрај огромните штети за имиџот на Самсунг, концернот тоа го чинеше и повеќе милијарди долари.

Чиповите како носители на добивка

Огромна е добивката на делот за чипови. Самсунг соопшти дека тука добивката е зголемена за дури 77 проценти. Аналитичарите оценуваат дека тоа се должи пред сѐ на големата побарувачка од Кина. Производителите на мобилни телефони од Кина се обидуваат преку подобри камери и поголема моќ за меморирање на своите производи да ги претекнат на пазарот Самсунг и Епл. Меѓутоа, чиповите за таа цел повторно доаѓаат од - Самсунг.

„Сметаме дека Самсунг и годинава, благодарение на растечките цени на чиповите, ќе забележи нови рекорди во добивката“, оценува Грег Ро, аналитичар во ХМЦ Инвестмент Секјуритис. И Самсунг прогнозира дека изгледите за годинава се сосема добри. Во 2017 година Самсунг и покрај политичките несигурности во светот, ќе оствари поголема добивка, се оценува во соопштение на концернот.

DW.COM

Реклама