Дневната бројка на заразени со Ковид-19 се приближува до 1.000 | Северна Македонија | DW | 30.10.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Дневната бројка на заразени со Ковид-19 се приближува до 1.000

Во изминатите 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на Ковид-19. Починаа петмина пациенти.

Продолжува трендот на се поголем број заразени со Ковид-19 во земјата. Дневната бројка на заразени се приближува до 1.000. Како што информира Министерството за здравство, во изминатите 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на Ковид-19. Починаа петмина пациенти во болнички услови во Скопје и Прилеп на возраст од 58 до 78 години.

Повторно најголем број од заболените се од главниот град Скопје - 420, по што следуваат Велес со 80 случаи, Тетово со 58, а најмал број на заразени последното деноноќие има во Пехчево, Валандово и Свети Николе каде има пријавено само по еден случај на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 30.488, бројката на оздравени пациенти е 20.448, на починати е 982, а бројот на активни случаи изнесува 9.058. 
Низ болниците во државата хоспитализирани се над 600 пациенти. 

 

DW.COM

Реклама