Црквата „Мачење на спасителот“ во Вис, кај Штајнгаден, во подножјето на германските Алпи, е изградена во периодот 1746 - 1754. година во рококо стил. Во времето на Француската револуција таа требало да биде продадена и урната, но селаните од околината успеале тоа да го спречат. Од 1983. година, црквата е под заштита на УНЕСКО.