Ди Карло, потребно е решение на проблемите | Вести | DW | 10.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ди Карло, потребно е решение на проблемите

*

Американскиот заменик државен секретар Розмари Ди Карло денеска во Скопје ќе разговара со претседателот на парламентот Љубиша Георгиевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошовски. По вчерашните средби со претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски Ди Карло изјави дека земјата постигнала напредок. Истовремено таа предупреди дека доколку Македонија сака да добие покана за членство во НАТО на самитот на Алијансата во Букурешт, треба да покаже поголеми резултати во политичкиот дијалог и спроведувањето на реформите.