Димитров ги критикува паралелите меѓу „Шарената“ и „Бојкотирам“ | Северна Македонија | DW | 15.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Димитров ги критикува паралелите меѓу „Шарената“ и „Бојкотирам“

Шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска преку Фејсбук статус реагираше на полемиките во јавноста во кои Шарената револуција беше изедначувана со акцијата Бојкотирам насочена против референдумот на 30 септември.

„Да се размислува за некакви паралели меѓу нив е исто како да се става равенство меѓу храброста и стравот, меѓу активниот граѓанин кој се осмелил да прогледа во темница и пасивниот поданик кој се плаши да отвори очи во светлина ...“, пишува министерот Димитров на својот Фејсбук профил. Иако Димитров не кажува кому му реплицира со оваа порака, впечаток е дека алудира на последната колумна на Арсим Зеколи на страниците на Дојче Веле.

„За разлика од дебело платената „шарена” имитација на либерализам, конзервативизмот на апартиските следбеници на #Бојкот е предвесник на длабокото свртување на општеството кон и во прилог на

Гледај видео 01:29

Македонија: „Долго го чекавме овој ден“

традиционалните, препознатливи и лесно мерливи квалификации на морал и неморал искажан низ парите и отчетноста“, пишува нашиот колумнист Зеколи во последната анализа и продолжува:

„Квази-либералниот дискурс на Шарената револуција потклекна при првиот налет на профитирање од „борбата против режимот” и со тоа ја игуби кохезивната енергија за градење нов политички амбиент во земјата базиран врз социјална рамнотежа. Иако засега доминиран од претежно етно-македонски мотив за сочувување на името и идентитетот, новиот конзервативен бран може да го надополни токму она што шарените така евтино и лесно го напуштија - сензибилизирање на општеството за фискална одговорност без пардон и изговор“.

На овој став, Димитров денеска одговара со контра- теза:

Шарената револуција е жед за одговорност во ситуација на јавно разоткриен криминал. Кога потфрлија институциите, граѓаните преземаа одговорност, барајќи правда“, пишува тој. Од друга страна, за шефот на дипломатијата, повиците за бојкот се бегство од одговорност:

„Бојкотирам е повик за неодговорност, за бегање од одговорност, за немање глас за сопствената и иднината на Македонија, исправена пред историска раскрсница“, заклучува Димитров.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама