Димитриевски и Призма првонаградени за истражувачко новинарство од ЕУ | Македонија | DW | 26.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Димитриевски и Призма првонаградени за истражувачко новинарство од ЕУ

Истражувачката сторија „Субвенции за растително и сточарско производство“ на мрежата Призма изработена од новинарот Александар Димитриевски е првонаградена на конкурсот на ЕУ за 2016 година.

Истражувањето на Димитриевски ја документира распределбата на државните субвенции за растително и за сточарско производство во периодот од 2010 до 2014 во вредност од 450 милиони евра. Освен податоците за доделените субвенции, истражувањето го анализира и ефектот на потрошените средства за развојот на земјоделството во Македонија.

Втората награда му припадна на Зоран Јовановски со сторијата „Пеплишта на смртта“, објавена во емисијата „360 степени“ на Алсат-М телевизија. Јовановски ги истражува ефектите од загадувањето во кичевскиот регион предизвикани од термоцентралната Осломеј и одговорноста на локалните власти и државата за здравјето на граѓаните.

Наградата за најдобра сторија на млад новинар ѝ припадна на Славица Филиповска за темата „Бугарски пасоши за чиста Македонија“, објавена во емисијата „360 степени“ на Алсат-М телевизија.  На автентичен и оригинален начин, приказната открива како граѓаните во обид забрзано да влезат во земјите – членки на Европската Унија, патот за тоа го гледаат преку процедурата за добивање бугарски пасош и државјанство.

Шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, при доделувањето на наградите рече дека новинарите трпат големи притисоци на работното место, имаат мали плати, но сепак, си ја вршат својата работа професионално и објективно.

„Во име на ЕУ сакаме да им искажеме почит за работата и за борбата за вистината. Новинарите играат корективна улога во општеството, а истражувачкото новинарство се бори против корупцијата и организираниот криминал. Им благодариме на сите новинари за нивната макотрпна работа“, рече Жбогар.

 

Реклама