Димитар Ковачевски го отфрли францускиот предлог: Барам да се почитува мојот народ | Северна Македонија | DW | 23.06.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Димитар Ковачевски го отфрли францускиот предлог: Барам да се почитува мојот народ

Македонскиот премиер Ковачевски од Брисел изрази незадоволство поради бавниот тек на евроинтеграцијата и порача дека францускиот предлог е неприфатлив за земјата

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски од Брисел порача дека францускиот предлог, во сегашната форма е неприфатлив за него. „Францускиот предлог во ваква форма е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за Владата и за коалиционите партнери и за граѓаните на Северна Македонија. Доколку во текот на француското претседателство дојде до разбирање за нашите позиции, спремни сме да се вклучиме во преговорите до крајот на јуни“, порача македонскиот премиер Димитар Ковачевски од Брисел, на заедничка прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. 

Ковачевски е дециден дека никој не може без „наша согласност да ни наметне решение“ и повика дека сега Европската Унија е на потег. Тој ги повтори црвените линии кои што ги истакна и пред заминувањето за Брисел, а тоа е чиста формулација на македонскиот јазик и заштита на македонскиот идентитет во преговарачката рамка. 

Ковачевски изрази незадоволство од динамиката на која се одвиваат процесите за пристап и почеток на преговори со ЕУ.  

„Ова што се случува е сериозен удар врз кредибилитетот на ЕУ, губиме драгоцено време, регионот тапка во место. Не смееме да дозволиме билатералните прашња да станат мултиратерален проблем“, дециден е  Ковачевски.  

Тој потенцираше дека земјата има посветено многу внимание и време за иднината и за изнаоѓање решенија кои ќе го деблокираат процесот кон ЕУ. „Но Бугарија реши да се врати во минатото и да постави блокада која на никого не му оди во прилог. Донесовме многу тешки одлуки, време е ЕУ да ги исполни своите ветувања пред да даде нови“, рече Ковачевски. 

DW.COM

Поврзана содржина