ДИК: Во првиот круг од локалните избори избрани 32 градоначалници | Северна Македонија | DW | 23.10.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

ДИК: Во првиот круг од локалните избори избрани 32 градоначалници

Државната изборна комисија денеска соопшти дека во првиот круг од локалните избори биле избрани 32 градоначалници.

Во првиот круг од локалните избори, во 21 општина се избрани градоначалници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и тоа во: Аеродром, Босилово, Бутел, Велес, Виница, Гази Баба, Ѓорче Петров, Зрновци, Илинден , Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Могила, Неготино, Новаци, Петровец, Прилеп, Свети Николе, Сопиште и Штип.

СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ имаат градоначалници во Берово, Богданци, Валандово, Делчево, Дојран, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево и Струмица.

Во Липково и Сарај се веќе избрани градоначалници од ДУИ.

Резултатите од локалните избори во општините Кисела Вода, каде победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и во Пласница, каде победи кандидатот на ДУИ, ќе бидат објавени по истекот на рокот за поднесување на тужба до Управниот суд за решенијата за приговорите, беше соопштено на денешната седница на ДИК.

Повеќе: 

Што да се прави со победата... и со поразот

Владејачката коалиција нема да распука под Шара

Победува „Партијата на Негласачите“

Во вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи на 31 октомври, ќе се гласа вкупно во 44 општини. Гласањето ќе се повтори во општините Маврово-Ростуше и Центар Жупа поради недоволен одзив на избирачите, односно немање излезност од најмалку една третина од запишаните избирачи. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, посочи дека во рок од 15 дена ќе ја известат Владата за потоа таа да го извести Собранието кое треба да распише нови избори за овие две општини.

На гласање во првиот круг од изборите излегле 938.631 граѓани со право глас, или 51,44%.