Диета со интервален пост - каков е ефектот? | Панорама | DW | 04.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Диета со интервален пост - каков е ефектот?

Пет дена нормален оброк, два дена речиси без јадење - ова е една варијанта на актуелната тренд диета – интервален пост. Делумното откажување од храна треба да помогне при слабеењето. Дали функционира?

Интервален пост е еден од најновите трендови во исхраната. Постот треба да помогне да се истопат вишокот килограми. Покрај тоа, овој метод, кој е наречен и наизменично постење, треба да е наводно и здрав и поефектен од останатите диети. Тим научници, предводени од Рут Шибел од Германскиот центар за истражување на рак од Хајделберг, ги релативизираше резултатите од интервалниот пост.

Што е интервален пост?

Целта е да го научиме метаболизмот преку редовна исхрана да живее од своите резерви. Со практикување на оваа диета треба да се подобри размената на материи, да се топи шеќерот и мастите, па дури и да се намали ризикот од развој на рак или дијабетес. Покрај тоа, овој метод за слабеење е многу популарен. За разлика од останатите форми на пост кои се временски ограничени, интервалниот пост треба да биде долгорочен начин на исхрана.

Како функционира?

Кај интервалниот пост постојат различни можности. Една од нув е формулата 8:16. Осум часа на ден е дозволено јадење, во останатите 16 не е дозволено конзумирање храна. Во формулата 5:2 човек пет дена се храни нормално, а останатите два дена во неделата пости, односно има минимален внес за калории, не повеќе од 500 на ден. Со таканареченото откажување од вечера се предвидува два од три дена во неделата да не се вечера. Така се прави пауза во јадење од 14 часа.

Што беше целта на студијата?

Во студијата која ја спроведе тимот на Рут Шибел учествуваа околу 150 лица со прекумерна тежина. Дел од нив се хранеа по принципот 5:2, втората група намали внес на калории без посебен режим на исхрана и трета група се хранеше нормално.

„Целта на студијата е преку различни начини на исхрана, на пример интервален пост (5:2), да се направи споредба со традиционална диета и да се види какви промени и резултати има врз метаболизмот и телесната тежина“, сумира Шибел.

Повеќе: Сѐ подебели - суптилните методи на индустријата за храна

Јасен резултат

Дали интервалниот пост е навистина најефективниот од сите модерни диети кои се нудат во моментов? Студијата дојде до јасен заклучок: да, ефектен е кога се работи за слабеење. Но, интервалниот пост не е ништо подобар од останатите диети.

„Студијата покажа дека интервалниот пост и друг вид на диета со намален внес на калории се споредливи и даваат исти резултати во однос на промените во телото, тежината и метаболизмот. Нема показатели дека оваа форма на диета е поразлична или пофектна од останатите“, појаснува Шибел.

Dr. Ruth Schübel (DKFZ)

Рут Шибел раководеше со истражувањето

Позитивно влијание врз здравјето

Здравствените ефекти врз телото со примена на интервалниот пост во основа се позитивни.

Гледај видео 03:00

#DE_Facto: Како се хранат Германците?

Затоа што, кога телото ќе ги потроши краткорочните енергетски резерви на шеќери, почнуваат да се разградуваат масните наслаги. „Утврдивме дека интервалниот пост има позитивно влијание врз метаболизмот и нивото на шеќер во крвта, како и врз разградување на мастите“, вели Шибел и додава: „Но овие ефекти ги има и кај другите диети.“

Некои научни студии претходно утврдија дека со примена на интервалниот пост долгорочно се намалува ризикот од дијабетес и рак. Шибел вели дека не може да ги потврди ваквите тврдења. „Сите нашите учесници во истражувањето беа здрави, но можевме да видиме дека интервалниот пост позитивно влијаше врз метаболизмот, кој доколу има проблеми, може да биде ризик за заболување од дијабетес и рак“, вели таа.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама