Дефектно дизел возило виновно за огнената стихија во Калифорнија | Теми | DW | 04.08.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Дефектно дизел возило виновно за огнената стихија во Калифорнија

На југот на Калифорнија повеќе од 2000 пожарникари се борат против првиот голем шумски пожар ова лето. Според истрагата пожарот бил предизвикан од дефектно возило.

Гледај видео 01:06

Дефектно возило на дизел-гориво би можело да е причината за избувнуувањето во првиот голем шумски пожар годинава во американската сојузна држава Калифорнија. 
Според изјавите на надлежните власти, пожарот во округот Риверсајд, на околу 130 километри источно од Лос Анџелес, е предизвикан од горечките издувни гасови на дизел возилото.

Од избувнувањето на пожарот во петокот, пламените брзо се раширија на површина од околу 107 квадратни километри.
Според противпожарната служба, скоро 2.300 пожарникати учествуваат во гаснењето на пожарот.

Повеќе:

-Фотографија на денот: Огнен пекол во Калифорнија

До вчера само 5 проценти од огнената стихија биле ставени под контрола. Речиси 8000 жители на погодениот регион мораа да ги напуштат своите домови како мерка на претпазливост, но засега е спречено ширењето на пожарот во населбите.  Огнената стихија  се шири низ сувата вегетација во дивината. Горештините и силниот ветер ја отежнуваат работата на пожарникарите.