Дете спасено при пад од шести кат во Кина | Теми | DW | 31.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Дете спасено при пад од шести кат во Кина

Драма во кинескиот град Чунгкинг: тригодишно дете висело на балкон на шести кат и безуспешно се обидувало повторно да се качи. Присебни соседи и алармирани спасувачи развлекле чаршав и го пречекале детето при падот. По прегледот во болница е констатирано - поминало без повреди. На радост на сите, а секако најмногу на бабата- таа го оставила момчето накратко само во станот за да отиде во продавница

Гледај видео 00:45