Десничарска влада во Австрија со европска ориентација | Свет | DW | 16.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Десничарска влада во Австрија со европска ориентација

Австриските конзервативци на чело со Себастијан Курц и десничарските популисти постигнаа договор за формирање влада. По првичното двоумење, австрискиот претседател ја одобри коалицијата.

Шефот на австриската конзервативна Народна партија,Себастијан Курц во составот на новата заедничка влада со десните популисти, Партијата на слободата, најави дека ќе се потпре на половата рамноправност и стручно знаење.

„Половина од мојот тим ќе бидат жени, а две третини се експерти“, изјави Курц денеска во Виена. Заедно со претседателот на Слободарската партија, Кристијан Штрахе, Курц денеска за министерската листа и владината програма го информираше австрискиот претседател, Александер Ван дер Белен.

Повеќе на темата:

Убедлива победа на конзервативците на Курц во Австрија

Слободарската партија има корени во Австрија

По седуммесечни преговори, двете партии доцна синоќа се усогласиле околу коалициски документ од 160 страници, кој ги опфаќа главните пунктови на соработката за идните пет години. Денеска коалицискиот пакет доби зелено светло од двете партиски раководства. Со тоа, Курц за неколку дена ќе стане најмладиот европски премиер, со 31 година. Неговата Народна партија добива седум министери во владата и еден државен секретар, а Слободарската партија- шест и еден државен секретар.

Sebastian Kurz und Alexander van der Bellen in Wien (picture-alliance/dpa/H.Punz)

Австрискиот претседател Ван дер Белен и Себастијан Курц

Австрискиот претседател Ван дер Белен најави дека лично ќе ги запознае сите министри пред најавеното полагање свечена заклетва, планирано за почетокот на идната недела. Тој има ингеренции да одбие некој од предложените министри, но како што рече, на инаугурацијата на владата ништо не ѝ стои на патот. Претседателот претходно имаше видни задршки во однос на учеството на десничарските популисти во владата, во неговата изборна кампања истакнуваше дека никој не може да стане министер ако ја урнисува идејата за обединета Европа. Но, тој го релативираше своето категорично „не“ уште во ноќта по својот избор за претседател, пред точно една година. Слободарската партија од својастрана ги ревидираше своите антиевропски ставови, во нејзините редови одамна не се зборува за истапување на Австрија од ЕУ.

„Централна точка на новата влада е проевропската ориентација“, напиша претседателот Александер Ван дер Белен на Твитер. Курц и Штрахе го увериле дека Австрија ќе остане и натаму силно вкотвена во срцето на Европа.

 

 

DW.COM

Реклама