Десет новороденчиња во Романија заразени со Ковид-19 | Свет | DW | 07.04.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Десет новороденчиња во Романија заразени со Ковид-19

Романските власти истражуваат зошто болница во градот Тимишоара не била затворена иако биле регистрирани 13 заболени од коронавирус меѓу персоналот. Тие пак најверојатно заразиле 10 новороденчиња.

Властите во Романија истражуваат породилно одделение во земјата откако 10 новороденчиња се заразија со коронавирус. Сомнежот засега е дека вирусот им бил пренесен од здравствените работници.

„Мајките беа негативни, но бебињата се позитивни на тестови па мораме да ги разгледаме нивните контакти со медицинскиот персонал“, изјави министерот за здравство Нелу Татару. Бебињата засега немаат симптоми и сите, освен едно, заминаа со своите мајки во домашна самоизолација.

Гледај видео 01:17

Како да разговарате со децата за коронавирусот?

Татару смета дека биле направени грешки од персоналот на породилното одделение, но и од локалните здравствени институции и вети остри казни доколку тоа се докаже.

Како во хорор филм
„Во изминатите два дена се чувствував како да живеам во хорор филм“, изјави една од мајките за локалните медиуми. „Персоналот не носеше маски“, вели таа додавајќи дека од гласини разбрала дека во болницата некој бил заразен со коронавирус. „Во четвртокот ја дезинфицираа болницата со нас во неа“, рече таа.

Rumänien Timisoara | Corona-Patient wird ins Krankenhaus transportiert (Reuters/Inquam Photos/V. Simonescu)

Транспорт на заразени од коронавирус во болницата во Тимишоара


Болницата во романскиот град Тимишоара накусо беше ставена во карантин на 31 март, но веќе следниот ден беше повторно отворена по наредба на локалните здравствени власти, иако веќе биле идентификувани 13 заразени медицински лица. 

- повеќе: Борбата против Ковид-19 во германските болници

Последниот случај повторно го отвори прашањето за подготвеноста на романскиот здравствен систем да се справи со епидемијата. Медицинскиот персонал во изминативе недели реагираше дека нема доволно опрема за оние во првите редови.
Во Романија досега има повеќе од 4,400 случаи на Ковид-19, а 180 луѓе починаа. Околу 700 здравствени работници се заразени со вирусот.

DW.COM

Реклама