Десет години од клонирањето на овцата Доли | Панорама | DW | 27.02.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Десет години од клонирањето на овцата Доли

Трева и сонце Доли одвај да виде. Клонираната овца во институтот Розлин кај Единбург во Шкотска водеше живот за науката, смесетна во строго чуван бетонски блок со специјална храна. Најпознатите етапи од најпознатата овца на светот: летото на 5 јули 1996 дојде на свет. Нејзиното раѓање важи како почеток на времето на клонирање. На тимот околу Кејт Кемпел и Иан Вилмут првпат му успеа од клетката на една овца стар

Иан Вилмут, „таткото„ на клонираната овца Доли

Иан Вилмут, „таткото„ на клонираната овца Доли

а шест години преку трансфер на јадрото да клнира генетски идентично цицалче. Точно пред десет години, на 27 февруари 1997 и беше претставена на јавноста.

Веста беше сензација и предизвика невидена хистерија. Научниците тоа го претчувствуваа, па најнапред ја чуваа клонираната Доли во тајност. На јавноста и ја презентираа дури половина година подоцна. На научниците од инситутот Розлин, пред се на Иан Вилмут, им успеа да ја клонираат Доли од клетка од вимето на друга овца. При раѓањето тежеше 12 фунти и беше здрава. Но, додека се стигна до таму, беа потребни скоро 300 обиди. Скоро една третина од овците за експериментот не дадоа резултат. Сепак, станува збор за квантен скок, вели се уште гордо Иан Вилмут:

„И по 50 години, кога ќе се осврнам ќе бидам горд на тоа што го постигнавме или придонесовме, подобро да кажам. Зашто, мислам дека донесовме повеќе корист отколку штети„.

Доли самата донесе на свет здрави јагниња. Почина пред три години од запаление на белите дробови. Имаше и тешка артроза. Во секој случај невообичаено за релативно се уште млада овца. Но, и повод за дебати и шпекулации дали тоа било последица на клонирањето. Во меѓувреме, клонирањето животни веќе не е никаква посебност. Говеда, глувци, мачки, кози, свињи – чиста рутина, вели Хајнер Ниман од земјоделската служба во Маринзе кај Хановер:

„Ќе се смеете, но ми се јави некој чие зајче, кое очигледно му било љубимец, починало. Ми понуди добра сума пари да биде клонирано„.

Ниман, се разбира, одбил. Меѓутоа, фактот дека е можно да се клонираат животни, толку „едноставно„ веднаш предизвика нови барања: значи теоретски е можно да се клонира и човек. Шарлатани и наводни научници извесно време се тркаа со информации за наводни клонирани бебиња или спектакуларни најави дека имаат намера набргу да клонираат човек:

„Јас имав големи проблеми со таквите луѓе. Тие се безобѕирни и воопшто не знаат што прават, не ги разбираат научните принципи или свесно ја манипулираат јавноста. Тоа што го велат тие е апсолутно неодговорно„, вели германскиот научник што работи на ова поле Рудолф Јениш. Сличен е ставот и на Екард Волф, професор кој работи на истата проблематика. Според него, секој сериозен научник одбива клонирање на луѓе, без оглед дали технички е изводливо или не:

„Не држи аргументацијата дека клонирањето на луѓе може да се забрани само од научни причини, зашто тие аргументи важат се додека не се докаже спортивното. Јас јасно одбивам клонирање на човек и тоа во прв ред поради морални причини„. Научници како Јенш и Волф немаат намера да клонираат цел човек. Меѓутоа, претпочитаат клонирање ембриони за од нив да добијат ембрионални клетки, зашто од нив можат да се добијат ткива или цели органи што би служеле како замена кај пацинети, но и за лекување болести како Паркинсон, дијабетис или парализа.