Десетици загинати во самоубиствени напади во Дамаск | Свет | DW | 15.03.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Десетици загинати во самоубиствени напади во Дамаск

Главниот град на Сирија денеска го потресоа два самоубиствени напада, со десетици жртви.

Во самоубиствениот напад врз судската палата во центарот на Дамаск загинаа најмалку 39 лица, а повредени се најмалку 24-ца. Полицијата, како што јави сириската државна агенција Сана, соопшти дека бројот на жртвите најверојатно ќе се зголемува. Бомбашот самоубиец, како што јавуваат агенциите, се кренал во воздух во стариот дел на судската палата, каде што се сместени исламски верски трибунал, како и кривичен суд. Според изјава на еден обвинител во судот, напаѓачот се обидел да влезе во објектот, а кога полицијата сакала да го спречи, тој се втурнал во внатрешноста на комплексот и се кренал во воздух.

Напад денеска се случи и во квартот Рабва во Дамаск, каде напаѓачот активирал појас со експлозив во еден ресторан. Бројот на жртвите и повредените во овој напад сѐ уште не е соопштен.

Во двоен напад во Дамаск што се случи во саботата, загинаа 74 луѓе. Одговорноста ја презеде сунитскиот Фатех-ал-Шам Фронт, поранешен огранок на Ал Каеда во Сирија.

Двата напада се случуваат на шестгодишнината од почетокот на војната во Сирија. Конфликтот почна со мирни протести против владата на Башар ал-Асад. Но, со оглед на острите мерки кои беа преземени од страна на безбедносните сили, протестното движење се радикализираше. Во меѓувреме, граѓанската војна се претвори во интернационален конфликт преку посредници, во кој, според податоците на Сирската опсерваторија за човекови права, загинаа 320.000 луѓе.

     

 

DW.COM

Реклама