Десетици жртви во поплавите во Јапонија | Свет | DW | 07.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Десетици жртви во поплавите во Јапонија

Во поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од тешкото невреме во Јапонија, загинаа најмалку 20 луѓе

Јапонскиот премиер Шинзо Абе оцени дека состојбата е „екстремно сериозна“. Додека локалните власти зборуваат за 20 жртви, медиумите јавуваат за 46 загинати и 48 исчезнати лица.

Стотици куќи се оштетени, а во акција на спасување се илјадници луѓе. Властите наредија евакуација на 1,9 милиони жители на регионот на западот на Јапонија.

Во регионот погоден од невремето се наоѓаат големите градови Фукуока, Нагасаки и Хирошима.

 

Гледај видео 00:36

Катастрофа во Јапонија

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама