Десетици жртви во пожарите - национална трагедија во Грција | Свет | DW | 24.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Десетици жртви во пожарите - национална трагедија во Грција

Во шумските пожари во близина на Атина загинале најмалку 49 луѓе, меѓу кои има и деца. Преку 150 лица се повредени. Пожарникарите сведочат за ужасни глетки - бројни јагленисани тела на луѓе кои се обиделе да избегаат.

Грците во регионот на Атина доживуваат вистински пеколни сцени - гори шума, а со неа и бројни викендички, спасувачките екипи откриваат сѐ поголем број јагленисани тела. Официјално досега се регистрирани 49 загинати лица во близина на пристанишниот град Рафина, источно од Атина, меѓу кои има и деца, како што јавува грчката државна телевизија ЕРТ. Многу од повредени преку 150 луѓе се наоѓаат во животна опасност, а десетици лица се водат за исчезнати.

„Ова е национална трагедија“, изјави министерот за внатрешни работи Панос Скурлетис за ЕРТ.

Griechenland Waldbrände | Kineta (Getty Images/AFP/V. Gache)

Паника и блокирани сообраќајници

Шумските пожари започнаа завчера на триесетина километри западно од грчкиот главен град. Во овој регион од пред две недели владее екстремна суша. Силниот ветар го засили огнот, изгореа десетици куќи. Автопатот кој ги поврзува Атина и Коринт, како и железничката линија, повеќе часови беа во прекин. Додека пожарникарите се концентрираа на овој регион, на другиот крај, источно од Атина се распламте уште поопасен пожар, кај Рафина, регион кој е густо пошумен. Многумина жители на Атина таму го поминуваат летниот одмор, во зимзелената шума се изградени илјадници викендички. По пожарот избувнала паника, сообраќајниците биле блокирани, сведоци велат - едноставно немаше никаков излез: „Не можеше да се дише, страшно беше“, вели еден маж за ЕРТ.

Огнените јазици ги достигнале луѓето во бегство, многумина живи изгореле, потврдуваат од пожарникарските служби. Илјадници луѓе побараа спас на плажите. Рибарите и крајбрежната стража ноќеска спасиле преку 700 луѓе, а десетици се заглавени на стрмни крајбрежни делници.

Griechenland Waldbrände | Athen (picture-alliance/ZUMA Wire/N. Georgiou)

Спас се барал на плажите и во водата

Првите сознанија велат дека цели квартови на Рафина, Мати и Неа Макри се целосно уништени. Исклучена е електричната струја, телефонските линии и интернетот не функционираат. Во меѓувреме ветрот стивнува. Најголем дел од пожарите воглавно се изгаснати или ставени под контрола, велат од противпожарникарската служба.

Гледај видео 01:40

Огнен пекол во Грција

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама