Депонии наместо домови на културата, базени, фабрики... | Северна Македонија | DW | 21.05.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Депонии наместо домови на културата, базени, фабрики...

Активистите на Културно ехо и Не биди ѓубре, заедно со Општина Гази Баба, во акција на чистење на некогашниот Дом на културата во Ченто, кој сега е руина и депонија.

Сцената на Домот на културата во Ченто била отворена во 1972 година со претставата „Печалбари“. Сега некогашниот Дом на културата е руина и депонија.

Активистите на Културно ехо и Не биди ѓубре, заедно со Општина Гази Баба, го презедоа првиот чекор – чистење на просторот на кој треба да му се врати стариот сјај.

Актерката и активистка Симона Димковска, вели дека е нормално дека наместо да ја чисти, би сакала да игра на сцената, но кога тоа не е можно „барем да го правиме тоа што може“: „А во моментов можеме само да влеземе и да ја исчистиме сцената.“

Гледај видео 01:53

Објекти претворени во депонии

Нејзината колешка Ангела Наумоска опоменува дека ѓубрето не смее да се фрла. Ако нема кој да фрла ѓубре, нема да има потреба ниту од акции на чистење, нагласува таа. 

Во екоакцијата учествуваа и младите од Црвениот крст. На младите и најмногу им е потребен тој простор. Филип Ивковски од Црвен Крст Гази Баба е на мислење дека на „младите како носители на промените им треба ваков објект, каде што ќе може, нели, да се развиваат самите себе, нормално преку уметноста и културата“.  

Повеќе:

Социологија на ѓубрето

Каде со целиот отпад?

Метлата нема да биде доволна за сцената повторно да заживее. Потребно е целосно вклучување на сите институционални „актери“ за решавање на проблемот со напуштените објекти.

Културно Ехо има мапирано 14 вакви објекти – поранешни базени, фабрики, одморалишта, односно напуштени можности. 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама