Речиси сите заштитни мерки против коронавирусот се укинати во Англија, каде денешниот ден е прогласен „Ден на слободата“, и покрај огромниот и растечки број на заразени во Велика Британија во последните неколку недели.
Стадионите и големите сали од денеска се отворени со полн капацитет како и дискотеките, а повеќе нема ограничувања ниту за угостителските објекти и пабовите.
Носењето заштитна маска повеќе не е задолжително, но се препорачува во јавниот превоз и продавниците. Работата од дома веќе не е задолжителна.
Исклучоци важат во Лондон, каде градоначалникот Садик Кан од опозициската Лабуристичкат партија сака да одржи построг курс кон коронавирусот отколку британската влада. Во другите делови на Велика Британија - Шкотска, Велс и Северна Ирска, кои се независни во однос на здравствената политика, - укинати се само некои од мерките против коронавирусот.
Повеќе:
-Англија: Турканици пред продавниците, фризерските салони и пабовите
-Англија во целосен карантин – болниците пред колапс
Владата на конзервативниот премиер Борис Џонсон го оправда многу контроверзниот чекор на отворање со високата стапка на вакцинација во земјата. Повеќе од две третини од возрасните се веќе целосно вакцинирани.
Сепак, во Обединетото Кралство, во последните неколку недели има зголемување на бројот на заразени лица. Два дена по ред, регистрирани се повеќе од 50.000 случаи на Ковид-19.
Меѓу заразените е и министерот за здравство Саџид Џавид, кој е во самоизолација. Поради контакт со него во самоизолација се и британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за финансии Руши Сунак. Задолжителната самоизолација при контакт со заразено лице е една од мерките кои остануваат во сила.
Велика Британија, во моментов има значително помалку смртни случаи отколку во претходните бранови на коронавирусот. Меѓутоа, научниците предупредуваат дека наглото зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 ќе го стави повторно пот притисок здравствениот систем. Околу 550 пациенти во моментов се лекуваат на одделите за интензивна нега. Во екот на вториот бран во јануари, тој беше изнесуваше повеќе од 4.000.
-
Пандемија: Животот свртен на глава
Колективно физичко дистанцирање
Сингапур има многу ниски стапки на инфекции со коронавирусот од октомври досега. Набљудувачите ја фалат оваа град-држава во југоисточна Азија за одржување на вирусот под контрола со внимателно следење на нејзините граѓани, делумно со апликацијата за задолжително следење. Падот на инфекциите значи дека локалното население може да посетува кино на отворено - под услов да се одржува физичка дистанца.
-
Пандемија: Животот свртен на глава
Во Јужна Африка се шири страв
Јужна Африка е најтешко погодената африканска земја од пандемијата на коронавирусот. Овој пациент во болница во близина на Кејп Таун е еден од 1,4 милиони граѓани кои се заразени со Ковид-19. Новата варијанта на коронавирусот, позната како B.1.351 или 501Y.V2, само го зголеми стравот. Исто како и новата варијанта на британскиот вирус, се смета дека оваа јужноафриканска мутација е многу позаразна.
-
Пандемија: Животот свртен на глава
„Социјално дистанцирање на сонце“
Со зголемените летни температури, многу Австралијци се во можност да уживаат во освежително пливање во океанот. Поставени се знаци за да ги потсетат посетителите на плажите да држат дистанца додека уживаат во сонцето, во обид да се спречи нов пораст на инфекции. Австралија забележа значително намалување на бројот нови случаи од септември наваму.
-
Пандемија: Животот свртен на глава
Болка поради оние кои починаа
Келвија Андреа Гонкалвес (16) плаче на гробот на нејзината мајка во бразилскиот град Манаус - Андреа дос Реис Брасао почина на само 39-годишна возраст. Таа е една од безбројните жртви од Ковид-19 во градот кој остана без неопходниот кислород. Многу луѓе го обвинуваат екстремно десничарскиот претседател Жаир Болсонаро за мрачната состојба во земјата. Во Бразил од вирусот починаа над 221.000 лица.
-
Пандемија: Животот свртен на глава
Што е сигурно е сигурно?
Во Хонг Конг, властите оградија цели населби без предупредување како одговор на ненадејниот пораст на инфекциите. Градот, посебен административен регион на Кина, наметна слични драконски мерки за спречување на епидемијата на вирусот како оние кои беа во сила во Кина. До неодамна, стапките на инфекции тука беа многу ниски.
-
Пандемија: Животот свртен на глава
Танцување во сопствен меур
Американскиот рок-бенд The Flaming Lips смисли начин како да организира концерти со физичка дистанца: на неодамнешниот концерт во Оклахома Сити, бендот ја замоли публиката да влезе во пластични меури кои се надувуваат. На овој начин, тие можеа да се танцуваат додека безбедно се изолирани во сопствени меури. Публиката дури можеше да го држи на раце и фронтменот Вејн Којн кој се стркала од сцената.
-
Пандемија: Животот свртен на глава
Цркви претворени во центри за вакцинација
Многу цркви во моментов се затворени поради пандемијата, па местата за богослужба се претвораат во центри за итна вакцинација- како тука во катедралата Лихфилд, во близината на Бирмингем, Англија. За разлика од земјите во ЕУ кои во моментов се соочуваат со недостиг на вакцини против Ковид-19, Велика Британија редовно се снабдува со дози.
-
Пандемија: Животот свртен на глава
Светло на крајот од тунелот
Ејми Езат подготвува торта во форма на вакцина која треба да се дистрибуира меѓу пациентите со Ковид-19 кои се лекуваат во болницата во Каиро. Египет се бори да ја активира својата кампања за имунизација низ целата земја. Сепак, на многумина можноста да се вакцинираат против коронавирусот им дава огромно чувство на надеж.
Автор: Инес Ајзеле