Ден на еднаква плата: жените заработуваат 21 отсто помалку од мажите | Економија | DW | 18.03.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Ден на еднаква плата: жените заработуваат 21 отсто помалку од мажите

Во организација на унијата на синдикати (ДГБ) денеска во во Берлин се протестира за изедначување на платите на мажите и жените. Статистиката вели дека жените заработуваат 21 отсто помалку од мажите во Германија

Според сојузната Служба за статистика, жените во просек заработувале за 21 отсто помали плати од мажите во Германија во 2018 година. Според Службата, дискрепанцата се должи на поголемите обврски на жената околу семејството и домот, но и на изборот на послабо платени професии и привремена работа.

Доколку се собере разликата во платата и се претвори во изработени работни часови, произлегува дека жените работеле бесплатно до 18 март, па оттука и денешниот ден е прогласен за Ден на еднаква плата или (Equal Pay Day). Министерот за труд Хубертус Хајл и министерката за семејство Франциска Гифеј присуствуваат на протестот во Берлин кој се одржува под мотото „Право на повеќе“. 


Идејата за протести на овој ден започна во САД, каде годинава, според статистиката, жените ќе работат „бесплатно“ до 2 април.

Во одбележувањето на денот во Берлин се вклучи и тамошното транспортно претпријатие кое одлучи да ги намали цените на возните карти за жените за 21 отсто, исто толку колку што е разликата во платата со мажите во Германија. Сепак, попустот ќе важи само еден ден.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама