Денеска е Ден на пријателството | Панорама | DW | 30.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Денеска е Ден на пријателството

Добрите пријатели се секогаш тука, и во добри и во лоши времиња. Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на пријателството.

„Пријателите ни се семејството што сами си го одбираме!“ Така за пријателството зборуваше британскиот актер, режисер и писател Питер Јустинов.

Првите пријателства ги склопуваме уште во градинка, а потоа следуваат училиштето, студиите, обуката за работа. Луѓето не престануваат да склопуваат пријателства ниту на повисока возраст. Пријателските односи, кои се засновани на доброволна база и не се преодредени со крвните врски, често можат да бидат поцврсти од семејните односи.

Според една студија на Синус-институтот, кој е пандан на британскиот институт ЈуГов, Германците во просек имаат по 3,7 блиски пријатели и 11 лица кои се дел од поширокиот круг на пријатели. Целиот круг на познаници се состои во просек од 42,5 лица. Речиси половината од пријателствата (45%) се склопуваат на работното место, а потоа следуваат училиштето, студиите, местото за обука со по 22%, како и хобијата со 21%.

За да му оддаде почест на овој важен дел од човековиот живот, Парагваецот д-р Артемио Брачо во 1958 година го етаблираше „Денот на пријателството“. Обединетите нации во 2011 година донесоа одлука „Меѓународниот ден на пријателството“ да се одбележува на 30 јули.

Можат ли светските врвни политичари да бидат пријатели? Одговорите побарајте ги во нашата галерија:

DW.COM

Реклама