Делумно се урна повеќекатница во близина на Мајами Бич | Свет | DW | 24.06.2021

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Делумно се урна повеќекатница во близина на Мајами Бич

Голема ноќна операција за противпожарната служба во Флорида: делумно се урна станбена зграда во близина на прочуеното туристичко одредиште Мајами Бич. Бројни спасувачи помагаат на местото на несреќата.

Во Мајами Бич во американската сојузна држава Флорида, делумно се сруши зграда од 12 ката, а на местото на несреќата се наоѓаат 80 пожарникарни единици, соопшти на Твитер пожарникарната служба во Мајами. Според последните информации, во болница се превезени најмалку 8 лица, а едно лице е во критична состојба.

Зградата се урнала околу два часот по полноќ по локално време. Сѐ уште не е познато колку луѓе се наоѓале во зградата во моментот кога се случила несреќата, но се стравува дека бројот на жртви би можел да биде голем. Во тек се спасувачки операции, а локалните медиуми јавуваат оти се слушаат гласови за помош под урнатините.

На снимките од местото на несерќата се гледа улица полна со делови и остатоци од делумно срушената зграда. Како што пренесува РТ, новинарот Џоло Франко, кој се наоѓа пред зградата, на Твитер напиша дека полицијата спасува луѓе, додека еден сведок изјавил дека ги спасуваат и од балконите. Друг сведок навел оти никогаш не видел ништо полошо во животот.

Според првичните информации ова  зграда е изградена во 1981 година и има 30 стана. Се наоѓа во близина на плажата и се нарекува Чемплејн Тауерс.  Не е позната причината поради која дошло до рушење на зградата.

Мајами Бич со своето прочуено шеталиште „Оушн драјв“, како и белите песочни плажи и палмите е многу популарно туристичко одредиште.

 

 

Поврзана содржина