Делта-варијантата го загрозува постигнувањето имунитет на стадо | Панорама | DW | 22.06.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Делта-варијантата го загрозува постигнувањето имунитет на стадо

Ширењето на индискиот сој на коронавирус во Германија може натамошно да го отежне постигнувањето колективен имунитет, тврди германски експерт.

„Делта варијантата е позаразна од досега преовладувачката вирусна варијанта Алфа. Според досегашните, сѐуште недоволни податоци, потребно е да постојат 85% имуни луѓе во населението, за да се постигне индиректна заштита на невакцинираните“, изјави Карстен Ватцл, генерален секретар на Германското здружение на имунолози за новинската агенција ДПА.

„Значи, стигнуваме во рамки кои се тешко остварливи, сѐ додека за децата под 12 години нема дозвола за вакцина против коронавирус, а за сите под 18 години не постои генерална препорака за вакцинирање. Можно е имунитет на стадо да се постигне во микро рамки, во одделни институции како домови за нега, но не и за целокупното население“, вели Ватцл.

Институтот Роберт Кох од поодамна споменува цел од преку 80% на имуни луѓе, состојба постигната преку вакцинација или инфекции плус вакцинација, како услов да можат да се укинат воведените епидемиолошки мерки и правила. На почетокот на пандемијата, проценката на експертите за постигнување колективен имунитет уште се движеше на околу две третини од населението, со оглед на тогаш преовладувачкиот не толку пренослив вирус.

Повеќе:

Колку навистина е опасна Делта-варијантата на коронавирус?

Делта-варијантата го принуди Џонсон да кочи

Индискиот сој ги врати стравувањата од нов есенски бран на Ковид-19

СЗО: Постигнување колективен имунитет преку инфекции е „неетички“

Според прогнозите на имунологот Ватцл, сепак и достигнувањето од квота на вакцинираност кај населението од 60% до 70% би било од голема помош за сузбивање на пандемијата. „Надежта е дека во таков случај би доаѓало до помали кластери, па би немало потреба од целосен локдаун.“

Луѓето кои не можат да бидат вакцинирани или тоа не го сакаат, во таа ситуација би биле тие кои први би се инфицирале. „Добрата вест гласи: секој кој е целосно вакциниран, е заштитен и од Делта-варијантата“, истакнува Ватцл.

Тој апелира на натамошна претпазливост за да не настане нов бран поради новата варијанта.

Институтот Роберт Кох од почетокот на јуни регистрира растечки удел на Делта-варијантата во испитуваните корона-проби во Германија од 3,7% на 6,2%. Но, во апсолутни бројки, бројот на случаите со Делта-варијанта, и воопшто на случаи на инфицираност со коронавирус, се намалува. „Тоа е различно во споредба со раширувањето на варијантата на коронавирус откриена во Велика Британија на почетокот на годината. Таа варијанта разантно се ширеше, но поради опаѓачкиот општ тренд на случаи, првично остануваше скриена," констатира Ватцл.