Дексаметазон- пресврт во лекувањето на заболените од Ковид-19? | Панорама | DW | 18.06.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Дексаметазон- пресврт во лекувањето на заболените од Ковид-19?

СЗО го слави како „пробив во борбата против Ковид 19“: Според една британска студија лекот ја намалува стапката на смртност кај пациентите на механичка вентилација. Сепак потребни се натамошни истражувања и анализи.

Ремдесивир, хидрохлорoкин, дексаметазон – компликувани имиња за веќе одобрени медикаменти кои се сметаат за „магични“ лекови во корона-пандемијата.

Во оваа корона-криза механизмот е речиси секогаш ист: истражувачка институција однапред ги најавува ветувачките резултати на својата бев страна и испраќа соопштение до јавноста, медиумите веднаш се закачуваат на тоа, експерти па и претседатели ги коментираат, луѓето веднаш трчаат во аптеките, го купуват и го пијат наводниот „магичен лек.“ Дури потоа научниот свет има можност да ги види научните резултати и да ги провери. Потоа следи разочарување или разјаснување под кои услови препаратот ефикасен и какви евентуални несакани нуспојави може да предизвика.

Што вели новата студија за дексаметазон?

Малкуте познати податоци до сега се базираат на анализа на опоравени пациенти во Велика Британија. Научниците во студијата ја истражуваат соодветноста на веќе одобрени медикаменти како лек против Ковид 19. Во студијата се анализираи над 11.500 пациети од 175 клиники во Велика Британија. Делот од студијата кој се однесува на дексаметазон опфаќа 2104 пациенти кои десет дена, еднаш дневно, добивале 6 милиграма дексаметазон.

Како контролна група биле 4321 пациенти. Прелиминарните резултати од сѐ уште необјавената студија покажуваат дека со дексаметазон може да се намали стапката на смртност кај тешките случаи на заболени од Ковид 19. Кај пациентите на вентилаторна поддршка смртноста е намалена за една третина во однос на контролната група.

Повеќе:

-Ефикасноста на ремдесивирот во борбата против Ковид-19

-Студија: Хлорокин не делува против Ковид-19

-Ковид-19: Колку е делотворна терапијата со крвна плазма?

За една петтина оваа стапка паднала и кај пациентите кои примаат кислородна поддршка, но не се на респиратор. Кај пациентите на кои не им била потребна кислородна поддршка третманот со дексаметазон немал никакво влијание.

Велика Британија пак веднаш почнува со примена на терапија со дексаметазон во третманот на корона-пациентите.

Како делува дексаметазон?

Кај тешките случаи на заболени со Ковид 19 се случува прекумерна реакција на имунолошкиот систем. Дексаметазон е вештачки многу ефикасен кортикоид кој има антинфламаторно дејство и го намалува воспалението па така влијае врз имуниот систем. На тој начин се запираат воспаленијата и се смирува реакцијата на имунолошкиот систем.

Активната состојка дексаметазон е одамна позната и е содржана во бројни медицински препарати. Дексаметазонот е достапен во целиот свет и е ефтин. Често се користи против воспаленија на кожата (егземи) или зглобовите (артритис), кај мозочен удар предизвикан од тумор на мозок и за спречување на гадење и повраќање во рамки на третманот за заболени од карцином.

Како експертите ги оценуваат резултатите?

Фактот дека првиот човек на СЗО, Тедрос Аданом Гебресус оваа вест ја нарече „пробив“ во борбата против Ковид 19 со сигурност придонесе кон зголемување на возбудата околу дексаметазон. „И честитам на владата на Велика Британија, Универзитетот Оксфорд како и на многуте болници и пациенти од Британија кои придонесоа за овој значаен животоспасувачки научен пробив.“

Сепак до сега ниту еден научник не може со сигурност да го потврди влијанието на „новиот магичен лек“ дексаметазон. Лекот навистина е одамна познат, но до сега не е истражено неговата ефикасност во третманот на пациенти заболени од Ковид 19. Повторно нема објавено научна публикација, а резултатите од „Студијата на опоравени пациенти“ се уште не е валидирана од други експерти. Наместо тоа британските научници ги објавија првичните резултати на веб страна за нови студии.

И германските научниси се соодветно претпазливо оптимистички во однос на објавените податоци. „Резултатите се вклопуваат во нашите сознанија дека во доцниот тек на болеста до Ковид 19 прекумерна реакција на имунолошкиот систем игра клучна улога. Резултатот – чие целосно објавување се чека допрва – зборува за користење на кортизонски препарати кај тешки случаи на заразени со Сарс-КоВ-2 треба,“ вели Проф. Д-р Герд Фаткенојер, раководител на одделот за инфектологија на Универзитетската клиника во Келн.

Сличен став има и Проф. Д-р Марија Ј.Г.Т. Верешилд, раководител на одделот за инфектологија на универзитетската клиника на Гете Универзитетот во Франкфурт. „Кортизонот е класичен лек за поттиснување на имунолошкиот систем. Но јачината на докажаниот ефект е изненадувачка.“ И Проф. Верешилд е воздржана: „сепак треба да ги видам оригиналните податоци. Квалитетот на едно истражување може да се утврди само доколку темелно ги простудирате дадените податоци.“

Проф. Д-р Клеменс Вендтнер, главен доктор за заразни болести и тропска медицина во минхенската клиника Швабинг исто така потенцира дека нема никаква смисла да се земе дексаметазон како превентива или кај полесни симптоми, бидјеќи влијае само кај пациенти со тешки симптоми на кои им е потребна хоспитализација.

Како студијата помага за лекување на пациенти со Ковид 19?

Проф. Д-р Клеменс Вендтнер исто како и Проф.Д-р Бернд Салцбергер, претседател на Германското здружение на инфектолози, и покрај многу неодговорени прашања, во оваа студија гледаат важни насоки за третманот на Ковид- пациенти. Според Вендтнер тоа би можело да изгледа вака: „Што е можно порано употреба на антивирусни лекови како ремдесивир кај пациентите кои не се на вентилирана поддршка за да се намали товарот од вирусот во организмот, а стероиди за пациентите на респираторна поддршка за да се намали ризикот од тешка белодробна инфекција.“  Проф. Д-р Бернд Салцбергер сумира: „Ремдесивир се бори со вирусот, дексаметазон со прекумерно воспаление.“

Сепак резултатите за влијанието на дексаметазон кои СЗО ги нарече „пробив“ не треба да се преценуваат. „Со оглед на малото, иако значајно намалување на стапката на смртност со помош на стероиди сепак најдобар лек во спречувањето на болеста Ковид 19 е можно само со ефикасна вакцина,“ резимира Проф. Д-р Клеменс Вендтнер

Реклама