Фотографија на денот: Ослободени киднапираните девојчиња во Нигерија | Свет | DW | 02.03.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Ослободени киднапираните девојчиња во Нигерија

Киднапираните девојчиња од Нигерија се повторно на слобода!

„Девојчињата беа ослободени“, изјави министерот за безбедност на нигериската провинција Замфара, Абубакар Дауран. Вооружени напаѓачи во петокот го нападнаа училиштето Јангебе во Замфара и, според наводи на полицијата, киднапираа 317 деца. На дел од нив им успеа да избегаат. Причините за нападот сѐ уште не се познати. Џихадистичката терористичка организација Боко Харам, како и други криминални групи, со години го тероризираат населението во северна Нигерија. Киднапирањата водат до тоа сѐ поголем број деца, особено девојчиња, да не одат на училиште. Во овие региони, според наводи на Меѓународната криза група, денес живеат најголем број деца без какво било образование. На #ФотографијаНаДенот 297 девојчиња по нивното ослободување во владината зграда во Замфара.

Реклама