Дебата во Бугарија: ќе ја биде ли Македонија? | Македонија | DW | 27.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дебата во Бугарија: ќе ја биде ли Македонија?

Во Бугарија со голем интерес се следи состојбата во соседна Македонија. На дебатата во Софија на оваа тема искажана надеж за подобрување на билатералните односи, но и песимизам за ЕУ и НАТО. Николај Цеков известува

Може ли новата влада на социјалдемократите и политичките партии на Албанците да ги подобри односите со соседите кои беа влошени за време на 10-годишното владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ? Ќе има ли крај за дискриминацијата на Бугарите во Македонија и дали конечно ќе биде потпишан македонско-бугарскиот договор за пријателство и добрососедство? Овие прашања и дилеми беа отворени на дебатата во софиската Црвена куќа во четвртокот. Преголем оптимизам за скоро подобрување на односите и излегување на Македонија од циклусот на кризи и поделеност, нема. Европратеникот од редот на конзервативната ГЕРБ, Андреј Ковачев и директорката на софиската канцеларија на Европскиот совет за надворешна политика Весела Чернева беа скептични и во однос на перспективите за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО.
При последната средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Ковачев се уверил дека мандатарот за состав на новата влада има волја да ја извлече Македонија од калта во која западна за време на владеењето на Груевски. „Се надевам дека Заев, иако претставник на партија- наследник на поранешните комунисти, заедно со номинираниот нов шеф на дипломатијата Никола Димитров, кој имаше голем придонес за признавањето на уставното име од страна на САД, ќе ги исполнат ветувањата за изградба на најдобри односи со Бугарија. За потсетување, Заев влезе во сериозен конфликт со Белград во последните недели. Тоа е добро! Но, да не веруваме само на зборовите, да ги видиме и делата“, рече Ковачев на форумот во Софија. Според него, договорот за добрососедство со Македонија се уште е заглавен во работните групи.

Andrey Kovatschev Abgeordneter (DW/Toni Glamcevski)

Андреј Ковачев

Без преголеми ветувања!
Весела Чернева ги сподели своите впечатоци од неодамнешните посети на Скопје и Белград како претставничка на ЕУ. Според неа, во Скопје владее атмосфера на непомирливост од страна на Груевски и неговите приврзаници кои, откако не успеаја да состават влада, планираат да ја продолжат борбата против владата на Заев. Чернева е категорична дека Брисел и бугарското претседателство со ЕУ од 1. јануари следната година не треба да даваат празни надежи за скорешно членство на Македонија во ЕУ. Во услови на внатрешни турбуленции и недоразбирања меѓу земји од Западниот Балкан, како и поради поуките од приемот на Бугарија и Романија, процесот на проширување на ЕУ е наполно замрен и нема изгледи дека тоа наскоро ќе се промени.

Според Мирослав Ризински од Бугарскиот културен клуб во Македонија, клучните предизвици за земјата остануваат решавање на спорот за името со Грција и потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија.
„Бугарите и нивниот Културен клуб во Македонија излегоа на протестите против владеењето на Груевски водени од стремежот да бидат еднакви граѓани, а не само набљудувачи кои постојано се надеваат дека некоја власт во Скопје ќе ги уважи нивните права. Бугарите во Македонија бараат политичко претставување не во форма на етничка партија, туку како движење на граѓани“, рече Ризински. Тој ги критикуваше властите во Скопје и Софија поради тоа што „не се прави ништо за изградба на современа транспортна мрежа меѓу двете земји“ и поради „нискиот обем на културна размена меѓу Бугарија и Македонија“.

 

Реклама