Двојна дискриминација на Ромките | Свет | DW | 14.09.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Двојна дискриминација на Ромките

Жените Ромки во Тузла се двојно дискриминирани. За тоа да се промени е потребно многу работа. За нејзе се фати здружението на жени Ромки „Подобра иднина“.

Индира Бајрамовиќ го познава речиси секое ќоше во ромските населби околу Тузла. Таа со својата НВО „Подобра иднина“ повеќе од 20 години се бори за рамноправност и учество на жените Ромки во босанското општество и на лице место гледа уште колку многу уште треба да се направи.

„Мислам дека најголемиот проблем овде е невработеноста. Многумина се занимаваат со секундарни суровини, а има и луѓе кои не се во системот на здравствена заштита. Проблем им е и образованието, зашто луѓето се сиромашни и немаат доволно средства да ги школуваат децата.“

Освен тоа, проблем се и патријархалните структури во рамки на заедницата. Многу жени Ромки се угнетени, честопати и тепани. Повеќе од 50 проценти од нив имаат искуство со насилство, покажа студија на невладината организација.

Целта на работата на Индира е да им даде поддршка на запоставените жени.

Како го прави тоа, погледнете во видеото:

Гледај видео 04:03

Двојна дискриминација на Ромките

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама