Две жртви во пукотница во Торонто | Свет | DW | 23.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Две жртви во пукотница во Торонто

Вооружен маж, движејќи се по фреквентна улица во Торонто, пукал во гостите во ресторан, при што убил една жена и ранил 13 лица. Напаѓачот исто така е мртов.

Во канадскиот град Торонто, вооружен маж пукал движејќи се по улица, при што убил една жена, а ранети се 13 лица, меѓу кои и едно 9-годишно девојче, кое се наоѓа во животна опасност. Истрелите се случиле на прометна улица во т.н. грчка населба, северно од градскиот центар. Шефот на полицијата Марк Сандерс потврди дека напаѓачот починал во престрелка со полицајците на местото на инцидентот. Според некои извештаи, тој самиот пукал во себе.

Мотивот на напаѓачот не е познат, а полицијата вели дека се истражува во сите правци, вклучувајќи и тероризам. Повеќе очевидци велат дека вооружениот маж ладнокрвно поминувал по улицата и пукал околу себе. Некои го опишуваат како белец на возраст меѓу 30 и 40 години, облечен целосно во црно.

„Видов човек кој се движеше по тротоарот и пукаше во ресторанот Деметрес“, вели еден сведок. ТВ СиБиСи објави видео-снимено очигледно од прозорец, на кое се гледа човек облечен во црна облека како доаѓа по улицата, вади оружје и пука во осветлен објект.

Гледај видео 00:56

Престрелка во Торонто - две жртви

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама