Два часа борба со смртта | Свет | DW | 24.07.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Два часа борба со смртта

Осуден убиец во САД по речиси два часа борба со смртта починал во големи маки. Долго време откако ја добил смртната инјекција човекот се борел за воздух.

Ова е трет случај на неуспешно изведување на смртна казна, која во САД годинава предизвикува шокираност. Одговорна повторно беше отровната мешавина, која не делуваше успешно.

Повеќе од еден час двојниот убиец осуден на смрт, Џозеф Вуд, се бореше за воздух, извести неговиот адвокат. Уште во текот на погубувањето адвокатот поднел барање по брза постапка до Сојузниот суд, да се стопира борбата со смртта. Кога пристигнало решението од Сојузниот суд со кое се одби барањето, Вуд веќе бил починат. Адвокатот на Вуд говореше за „промашена егзекуција“ која всушност не смеела да трае подолго од десет минути.

Пред неговото погубување Вуд залудно се жалеше до Врховниот суд, за да добие повеќе информации за отровната мешавина.

Европа останува цврста - САД експериментира

Годинава во САД веќе имаше особено мачни егзекуции, при кои осудениците долго се бореа со смртта и тоа во јануари во Охајо и на крајот на април во Оклахома. Американските сојузни држави, кои извршуваат смртни казни во моментов експериментираат со различни отровни мешавини. Отровните материи кои претходно се користеа со години ги произведуваа европски фирми. Тие меѓутоа веќе подолго време се противат, нивните производи да бидат користени за егзекуции.

Некои сојузни држави се одлучуваат за други видови погубувања. Тенеси повторно ја воведе електричната столица. Во Јута се дискутира за стрелање.

Сето ова придонесе во САД да опаѓаат смртните казни. Во изминатата година падна бројот на погубувања на најниското ниво во последните 20 години. Сѐ повеќе сојузни држави ја укинуваат смртната казна.

Поврзана содржина

Реклама