Два века од „тркачката машина“ - велосипедот | Панорама | DW | 12.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Два века од „тркачката машина“ - велосипедот

Пред точно 200 години, во Манхајм настана предокот на денешниот велосипед. Неговиот пронаоѓач сакал само да се збогати, но иницирал револуција. Велосипедот денес е најраспространето превозно средство.

Германскиот шумар и пронаоѓач Карл Фрајхер Драјс на 12. јуни 1817. година седнал на својата „тркачка машина“ (според неговото име наречена и дресина) и, туркајќи со нозе, ги придвижил дрвените тркала. Пробното возење од 14 километри траело еден час и така бил роден предокот на денешниот велосипед. Тоа било првото средство на две тркала со управувач. Слично на него и денес изгледаат детските велосипеди без педали. 

Моментот не можел да биде поповолен: регионот на Манхајм во кој живеел пронаоѓачот, бил разорен од климатската катастрофа, предизвикана од гигантскиот облак пепел од еден индонезиски вулкан. Последици биле студ, суша, слаби жетви, глад. Меѓу жртвите биле и коњите, зашто сопствениците ги јаделе.

Драјс долго размислувал околу алтернативите за јавање. Кога првпат седнал на велосипед без педали, веројатно не ни насетувал дека ќе го промени начинот на превоз и ќе остане запишан во човечката историја. Всушност, желбата му била само да заработи пари.

Ausstellung 2 Räder - 200 Jahre im Technoseum Mannheim (Technoseum, Landesmuseum für Technik und Arbeit in Mannheim)

Карл Фрајхер Драјс

Зошто некој би се возел некаде?

Печатот во цела Европа јавил за изумот од Манхајм, посебно фалејќи ја економичноста - дресината можела да се произведе за само 20 фунти, додека коњот чинел 1900 фунти. Изгледало неверојатно едно превозно средство да не предизвикува дополнителни трошоци- за разлика од коњот, дресината не мора да јаде.

На разочарување на Драјс, неговиот пронајдок не наишол насекаде на воодушевување. Зашто, кој тогаш сакал да патува, освен ако не мора? Најголем дел од обичниоте луѓе го поминувал животот на село и идејата да се оди некаде му изгледала прилично бизарно. Така, дресината првовремено била „играчка“ за подобростоечки луѓе кои сакале да се занимаваат со спорт.

Но, другите пронаоѓачи будно ја следеле работата. Драјс го патентирал средството на две тркала, но патентот важел само на територијата на малото Војводство Баден, а вон неговите граници бил вредно копиран и натамошно развиван.

До педали и гуми

Поминаа многу децении додека велосипедот го достигна денешниот изглед. Хоби-мајсторите, првенствено од Франција и Англија, го подобруваа концептот на две тркала, се дојде до првиот велосипед со педали, па сѐ до висок велосипед опасен по живот. На крајот од 19. век, конечно беше етаблиран класичниот велосипед каков што денес го знаеме: со две еднакво големи тркала, гуми наполнети со воздух, педали и синџир.

Техниката на велосипедот подоцна била применета на автомобилите - на пример гумите. Во изминатите два века се настанати неброени форми велосипеди, сѐ додека не било создадено практичното превозно средство достапно на сите: велосипедите биле исмевани, долго биле ексклузивна играчка на богатите. А тогаш добиле, барем така се чинело, непобедлива конкуренција во вид на мотицикли и автомобили.

Денес велосипедот сепак служи за превоз, за спорт, забава, стекна култен статус и го возат милијарди луѓе. Тој е синоним за одржлива мобилност, за превоз кој не ја загрозува животната средина.

 

Реклама