Двајца загинати и 47 повредени лица во голема експлозија во Париз | Свет | DW | 12.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Двајца загинати и 47 повредени лица во голема експлозија во Париз

Во голема експлозија што се случи изутринава во Париз загинаа две лица, а повредени се 47, од кои дестемина тешко, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.

Жртвите се пожарникари, напиша на Твитер францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер. Двете жртви непосредно пред експлозијата пристигнале во пекарница во центарот на Париз, откако биле повикани од станарите кои почувствувале мирис на гас. Затоа, полицијата смета дека причина за несреќата е протекување на гас. Експлозијата, како што претходно изјави портпаролка на париската полиција, била силна и предизвикала пожар. Министерството за внатрешни работи соопшти дека за случајот се анагажирани околу 100 припадници на безбедносните сили и околу 200 пожарникари.

Експлозијата се случила на отприлика еден километар воздушна линија од Париската опера. На улицата пред пекарницата има урнатини, а внатрешноста на објектот е опустошена. Освен тоа, искршени се и прозорците на околните објекти во центарот на градот. Оштетени се и автомобили кои биле паркирани во околината.

„Сите спиевме кога се слушна огромен тресок, мислевме дека е земјотрес“,изјави за агенцијата АФП момче кое живее во соседната улица.

Властите во Париз се во состојба на аларм поради најавените демонстрации на „Жолтите елеци“. Во главниот град на Франција се ангажирани околу 5.000 припадници на безбедносните сили кои би требало да спречат евентуално насилство. На протестите кои се одржуваа во текот на изминатите недели постојано доаѓаше до насилство и безредија.

DW.COM

Реклама