Да ѝ се одолее на омразата | Свет | DW | 27.07.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Да ѝ се одолее на омразата

Молитви и пост против омразата и теророт. По убиството на 85-годишниот свештеник во Франција, тагуваат католиците ширум светот. Саудиска Арабија молчи. Омразата има премногу поттикнувачи, смета Кристоф Штрак.

Тоа е варварски акт, кој ги ужаснува луѓето ширум светот. Крвавото убиство на еден стар свештеник во неговата црква за време на миса е злостортво, кое им се потсмева на најстарите конвенции на човештвото: дека имено светите места - во антиката тоа биле храмовите, потоа синагогите и црквите - безусловно се свети и оти таму на оние во бегство им се гарантира заштита и безбедност.

Тоа е варварски акт, која ја погодува повредена Франција во душата. Оваа лаицистичка држава во една земја која сепак е определена од религијата, Франција, најстарата ќерка на Рим. Познати се селата во Нормандија, Бургундија, во провинцијата имено. Овие места, во кои најчесто се наоѓа моќно изградена црква. Само овде-онде некој стар свештеник одржува едноставна , достоинствена богослужба. Зашто таа е неговиот живот.

Молитви против теророт и насилството

Во Сент Етјен ду Руврај тоа беше речиси 86-годишниот Жак Хамел, кој 58 години беше свештеник. И десет години по неговото пензионирање, тој и натаму стоеше на олтарот на неговата црковна заедница како сензибилен, едноставен, пријателски настроен и ценет свештеник. И толку сиромашен и скромен, како што се впрочем сите свештеници во француската провинција.

Двајцата терористички џелати, кои упадна во божјата куќа, го натерале да падне на колена. И кога стариот човек сакал да се одбрани, тие му го пресекле вратот. Во црквата, пред олтарот. Поимот за мачеништво е извалкан и обезвреднет од страна на исламистите. Кога убиваат и се слават себеси како „маченици“. Но тие се само злосторници кои ги презираат луѓето.

alt - bitte stattdessen 43309813 verwenden

Кристоф Штрак

Пер Жак Жамел, наспроти тоа е маченик во исконска смисла. Невин, убиен во молитва и во вера. Надбискуот на Руен, Доминик Лебрун, за смртта на неговиот свештеник дозна во Краков, на Светскиот ден на католичката младина. Потресен, запрепастен. Па сепак кажа една голема реченица: „Католичката црква не познава други оружја, освен молитвата и братството меѓу луѓето“. Француската црква сега планира да пости еден ден и да се моли.

Омразата и нејзините поттикнувачи

Зад ова стои решителноста да не се возвраќа во иста мерка и злосторството да не се одмаздува. Претседавачот на германската бискупска конференција, кардиналот Рејнхард Маркс, даде слична изјава. „Злосторството од Сент Етјен ду Руврај треба да сее омраза, а ние ќе му се спротивставиме на тоа“. Мора да се стори сѐ, крвавото злосторство да не предизвика друго насилство, истакна Маркс.

Но сепак, останува прашањето за заслепеноста на злосторниците, за лудилото на еден систем како оној на таканаречената Исламска држава, која ја слави смртта. Провоцирачки. Муслиманите во Германија, како Ајман Мазиек го осудуваат убиството на свештеникот Хамел, како и останатите смртоносни напади од последниве денови. Тие се докажан партнер во соживотот на религиите. Но тие сепак се беспомошни.

Кога би можела да дојде реакција од Риад, кој впрочем требаше да реагира одамна? Кога саудискиот вахабизам ќе биде постресен од терористичките акти? Кога ќе следува јасна осуда на самонаречените борци за чистото учење за исламот од страна на проповедниците во џамиите и училиштата ширум светот, финансирани од Саудиска Арабија? Омразата, варварството имааат премногу поттикнувачи, и премногу кои ги прифаќаат грозотиите.

DW.COM

Реклама