Дански популист бара анектирање на германски регион | Свет | DW | 24.02.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дански популист бара анектирање на германски регион

Лидерот на крајно десничарска Данска народна партија успеа да го оживее спорот за границите кој датира од 19 век. Данското малцинство во Германија ја осуди идејата, а владата на Данска се дистанцираше од неговите изјави

Сорен Есперсен, заменик претседател на десничарската популистичка Данска партија на народот повторно го отвори конфликтот стар еден век околу границата помеѓу Данска и Германија.

Стогодишната дебата за припадноста на регионот Шлезвиг-Холштајн беше затворена по завршувањето на Првата светска војна. Но, при настап на данска телевизија, Есперсен повторно го отвори прашањето за претензиите на Данска од 1838 кон територијата северно од реката Ајдер.

Германија и Австрија го освоија регионот во Германско-данската војна од 1864 година, а две години подоцна Германија во целост ја присвои територијата. Контроверзите околу прашањето за припадноста на Шлезвиг-Холштајн беа отворени до 1920 година кога со референдум беше одлучено делот на Шлезвиг населен од етнички Данци да биде предаден на Данска.

Границата ја преживеа Втората светска војна и остана дефинирана до денес и покрај данското малцинство кое живее на германската страна.

Soeren Espersen dänischer Politiker (picture-alliance/AP Photo/D. Jens)

Данската народна партија е втора по големина во данскиот парламент.

Есперсен за данската телевизија ДК4 изјави дека границата треба да биде поместена до реката Ајдер.

„Би сакале Данска да се протега до Ајдер“, изјави Есперсен за новинарот Зигфирд Матлок, припадник на германското малцинство во Данска.

Есперсен, кој е претсседател на Комитетот за надворешни работи во данскиот парламент изјави дека други малцинства, како Шкотланѓаните или Украинците би се бореле за својата кауза.

„Ако данското малцинство нема надежи за обединување, зошто е таму?, праша тој. „Тоа исто така мора да биде идеја на данското малцинство, во спротивно јас не ги разбирам воопшто“.

Данска не ги поддржува ваквите ставови

Министерот за надворешни работи на Данска, Андерс Самуелсен за германската новинска агенција ДПА изјави дека тој не ги поддржува ваквите ставови.

„Како што е веќе познато, ова не е политиката на Данска или данската влада“.

Dänische Kinder im Kindergarten in Flensburg (picture-alliance/ dpa)

На германската страна од границата живее големо данско малцинство.

Политичките претставници на данското малцинство во Германија, Изборнатата организација на јужен Шлезвиг (ССВ), ја нарекоа идејата популистичка, нереална и дека е отворена во погрешно време. Таквото барање е „опасна игра со децении долгиот мир на границата кој го постигнавме заедно по вековните германско-дански конфликти“, изјави лидерот на ССВ, Ларс Хармс.

Подоцна, во изјава за данската новинска агенција Рицау, Есперен ги повлече забелешките изјавувајќи дека очигледно говорел за „сопствените желби“.

„Со Германија имаме најдобра гранична соработка за каква што секој би се надевал. Бев прашан дали би сакал Данска да биде до Ајдер и се разбира дека би сакал, тоа е јасно“, изјави тој. „Но, не очекувам наскоро да има голема битка со тенкови во Шлезвиг-Холштајн“.

Тој го повтори своето гледиште  дека границите се флуидни низ историјата.

„Границите на Европа како што ги знаеме нема да бидат такви засекогаш. Историјата не научи дека тие се менуваат. Тоа можете да го видите во Крим, Шкотска, Корзика и Каталонија. Има многу што се случува наоколу“.

Данската народна партија е втора по големина партија во Данскиот парламент.

 

Реклама